6 модни детали што го загрозуваат здравјето

За зачувување на здравјето не се потребни само вежби и правилна исхрана. Верувале или не, постојат парчиња гардероба и модни детали што негативно влијаат на здравјето. Затоа при купување избегнувајте:

1.Танга

tanga

Експертите тврдат дека со носењето танга ризикувате бактериите од аналниот отвор да преминат во вагиналниот што може да предизвика инфекција. Исто така, не се препорачува свилена долна облека како и долна облека од неприродни материјали. Најдобро е да се одлучите за памук.

2.Синтетика

Не се сите синтетички материјали штетни, но некои едноставно се полоши за кожата од другите. Полиестерот, најлонот и спандексот може да ја иритираат кожата. Пред купување облека задолжително проверете ја декларацијата и составот.

3.Тешки чанти

lindascharf_bigbags_1Носењето тешки чанти од ден во ден може да бидат големо оптоварување и да предизвика силни болки во грбот. Сепак, не се само чантите ризични за здравјето. Едно истражување покажало дека и тешките ранци што се носат на двете рамена се исклучително штетни за кичмата.

4.Апостолки

Апостолките се одличен избор за на плажа, базен или за туширање во теретана. Меѓутоа, ортопедите никако не ги препорачуваат за долго одење. Кога подолго време носите апостолки, мускулите и тетивите премногу се напрегнуваат па може да дојде до задебелување и пукање на кожата на стапалата, но и до болки во колковите и долниот дел на грбот. Исто така, треба да знаете дека сите рамни обувки предизвикуваат напрегнување на Ахиловата тетива.

5.Накит

Обетките и ланчињата кои сте ги добиле на подарок веројатно изгледаат преубаво, но дали знаете од кој материјал се направени? Најдобар начин да избегнете алергиски реакции на накит, вклучувајќи црвенило, осип или чешање, е носење на накит изработен од челик, титаниум, жолто злато или сребро.

6.Потпетици

high heels

Иако нозете во високи потпетици изгледаат поубаво, многу истражувања укажуваат на нивната штетност. Жените кои често носат високи потпетици  имаат проблеми со мускулите, деформации и трајни повреди на стапалата.

- Реклама -