Човечкиот мозок е најсофистицираниот орган во човековото тело и можеби најкомплицираниот биолошки систем во целата вселена.
Очигледно е дека најзначајните светски вештачки чуда се резултат од работата на човечкиот мозок, што го прави неверојатна карактеристика на човекот. Освен тоа, човечкиот мозок со својата комплексност дејствува како совршен уред за складирање кој може да ги смести безбедно и најскриените спомени на еден човек.
Воопшто, човечкиот мозок е толку уникатен што некои научници и лекари го посветиле целиот свој живот на проучување на тоа како функционира мозокот и не е чудо што луѓето се радуваат да научат нови факти за овој неверојатен орган во човековото тело.
Од Gizmo Crazed ни нудат 6 изненадувачки факти за мозокот, еве кои се тие:
Кога сме уморни, нашиот мозок е креативен
Ако се обидувате да завршите некоја важна и креативна работа, добро е да знаете дека ќе имате повеќе успех ако сте уморни. Ова звучи лудо, но всушност е точно така, како кога сме уморни, нашиот мозок е креативен. Има многу спроведени обиди кои потврдуваат дека заморот може да биде предност, бидејќи во заморена состојба можеме да прифатиме многу голема количина на информации, која се толкува на разновиден начин.
Стресот може да влијае врз големината на нашиот мозок
Според едно неодамнешно истражување, стресот влијае врз големината на мозокот. Биле испитани мали мајмуни, така што половина од нив биле одгледувани 6 месеци од нивни врсници. Другата половина пак останале кај своите мајки. Потоа, мајмуните биле вратени во нивната нормална социјална средина за неколку месеци , пред научниците да ги скенираат нивните мозоци . При мајминчињата кои биле без мајки, делот од мозокот кој е поврзан со стресот, бил зголемен дури откако со месеци биле во нивната нормална средина. Тоа значи дека стресот влијае на мозокот во перспектива. Во исто време, сепак, било регистрирано намалување на хипокампусот во нивните мозоци. Хипокампусот е важен дел, потребен за формирање на спомените .
Нашиот мозок не може да се справи со повеќе задачи истовремено
Не помислувајте дека може да се справите со повеќе задачи истовремено, бидејќи нашиот мозок не е мултифункционален. Научниците докажале дека ние всушност се префрлуваме помеѓу различни задачи, а не работиме на нив истовремено. Истражувањето дури докажало и дека при извршување на повеќе задачи истовремено процентот на грешките е над 50% и ни е потребно двојно повеќе време да ги завршиме. Ова се случува бидејќи се намалуваат ресурсите на мозокот и се придава помалку внимание на секоја задача.
Нашиот мозок сака ние да си поспиваме
Сите знаеме дека спиењето е важно за нашиот мозок, но сега се чини дека дури и кратката дремка ги подобрува секојдневните функции на мозокот. Некои неодамнешни истражувања покажаа дека десниот дел на мозокот е активен во текот на спиењето. Иако 95% од луѓето се десничари (т.е. нивната лева хемисфера е активна), десната хемисфера е активна за време на спиењето. Па, додека левата половина од мозокот Ви се “одмара”, десната ги чисти привремените спомени, ги складира информациите од денот и ги насочува кон долгорочната меморија .
Вестите го тераат нашиот мозок да мисли дека времето се движи побавно
Новите нешта и непознати информации одземаат повеќе време на нашите мозоци, за да бидат асимилирани. Колку повеќе време потрае обработката на нови информации, толку подолго се чувствува тоа време од наша страна. Затоа, ако Вашиот мозок не гледа нови работи, ќе ви се чини дека времето се движи прилично брзо.
Нашиот мозок има преференции
Човекот знаете има 5 сетила, но нашите мозоци веруваат најмногу на тоа што го гледаме, а не на она што јадеме или допираме. Така и нашите спомени се формираат пред се на тоа што го гледаме, а не на она што се ни рекле другите наши сетила. Тоа е и причината да веруваме повеќе на очите отколку на ушите, јазикот или прстите.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk