Fuser: Сите ваши инбокси во еден

fuser Денес речиси секој има по неколку профили на социјалните заедници, повеќе e-mail адреси… Тешко е да се биде во тек со сите добиени пораки од различни места. Fuser ќе ги организира сите ваши добиени пораки на едно место кое вие ќе го одберете (на пр. Gmail). Па да речеме ако добиете порака на Facebook (или Myspace), таа ќе се појави на вашето e-mail сандаче како вообичаен мејл, па откако ќе го прочитате можете да одговорите на лице место, без да отворате Facebook. Никој нема да ја забележи разликата, а вие ќе заштедите време.

- Реклама -