Дали би сакале да појадувате од саксија?!

Најновиот тренд во еден московски ресторан е храната да биде служена во сад кој е ист како саксија за цвеќе.

Но, нема простор за паника – не станува збор за саксија или вистинска земја како што се добива впечаток со првите неколку погледи на порачаното јадење туку ова е една креативна идеја на сопствениците и менаџерите за привлекување на нови и задржување на постојните клиенти.

Оригиналните садови всушност се наполнети со трошки од црн леб и друг вид на житарки, а на површината е сервирана храната. Доколку станува збор за десерт земјата всушност е чоколадо во прав, како и рендано или ситно мелено чоколадо.

Погледнете како би изгледала вашата порција доколку го посетите московскиот ресторан и размислете дали и вие би сакале да бидете дел од експерименталното сервирање на порачаната храна или, сепак, саксиите се за цвеќиња?!

2 3 4 5

- Реклама -