Идентификација со помош на уши

ушиЗаборавете на отпечатоци од прсти или боја на очи, обезбедувањето на аеродромите наскоро може да го гледа обликот на вашите уши додека решава дали да ви дозволи влез во земјата. Истражувачите имаат откриено дека ушите на секое лице имаат уникатен облик и создале систем кој може да ги скенира.

Заборавете на отпечатоци од прсти или боја на очи, обезбедувањето на аеродромите наскоро може да го гледа обликот на вашите уши додека решава дали да ви дозволи влез во земјата. Истражувачите имаат откриено дека ушите на секое лице имаат уникатен облик и создале систем кој може да ги скенира.

ушиСкеновите потоа можат да бидат споредени со база на податоци за да се идентификува лицето на кое му припаѓаат. Тие се надеваат дека системот може да биде употребен за да се фотографираат ушите на секое лице кое поминува низ пасошка контрола. Професорот Марк Никсон, кој го предводел тимот од училиштето за електроника и компјутерска технологија на Универзитетот во Саутемптон, вели: „Има голем број на структури во увото од кои можат да се добијат мерки уникатни за секое лице. Со биометриката, голем проблем е стареењето на луѓето. Кај системите за препознавање на лице, компјутерите често можат да се збунат од присуството на брчки. Но вашите учи стареат поинаку. Тие растат и школката се издолжува, но освен тоа вашите уши се целосно оформени уште од раѓање.“

Многу други биометрички пристапи кои се употребуваат за идентификување лесно можат да бидат помешани или се тешки за употребување. Софтверот за распознавање лица, на пример, често се збунува од промената на изразот, па луѓето би требало постојано да имаат неутрален израз, а често и да избегнуваат користење шминка. Британската Пасошка Служба тестира систем за препознавање лица на Аеродромот Стандстед уште од 2008 година. Се разгледува и идентификација со скенирање на рожницата, но за ваквиот систем лицата треба одблиску да гледаат во скенер.

Техниката со скенирање на уши користи технологија која ги нагласува цевчестите структури на школката и ги мери. Професорот Никсон верува дека скенирањето на ушите може да се одвива додека патниците минуваат низ безбедносните врати, на пример со поставување на фотапарат на било која страна од вратата за да направи фотографија од увото. Сите Британски пасоши сега се опремени со чипови кои содржат биометрички податоци, на кои можат да бидат додадени и скенови од увото. Никсон и неговиот тим тестирале 252 слики на различни уши и откриле дека системот може да го поврзи секое уво со соодветната слика со точност од 99 проценти.

Тимот неодамна ги презентирал резултатите на Четвртата Меѓународна Конференција за Биометрика. „Отпечатоци од прстите се еден од најдобрите начини за идентификување на поединци во моментов“ рекол професорот Никсон „Но кај некои луѓе, дури ни тие не функционираат како што треба. Пекарите и ѕидарите најчесто немаат очигледни отпечатоци бидејќи карактеристичните бразди се избришани. Малку е потешко да се направи тоа со ушите, но сепак има нешто што може да попречи, а тоа е косата. Очекувам дека нема да има само еден пристап, туку комбинација на различни биометриски податоци кои можат да бидат земени истовремено за да се идентификува поединецот.“

Претставник на британската влада изјавил дека тие знаат за технологијата за идентификација на уши но дека не го разгледуваат нејзиното воведување во британските пасоши. Тој додал: „Секоја нова и иновативна технологија е добредојдена но не го разгледуваме овој пристап во моментот.“ [Ears provide new way of identifying people in airports]

- Реклама -