50 прашања без точен одговор

Овие прашања немаат правилни или погрешни одговори.

Бидејќи понекогаш одговорот е во тоа да ги поставуваме вистинските прашања.

1. Ако не знаеш на колку години имаш, колку би си дал?

2. Што е полошо – да паднеш, или никогаш да не пробаш?

3. Штом животот е толку краток, зошто правиме толку многу нешта што не ги сакаме, и сакаме толку многу работи кои не ги правиме?

4. Кога сè е речено и направено, дали си рекол повеќе отколку што си направил?

5. Што е она што најмногу би сакал да го промениш во светот?

6. Ако среќата беше национална валута, каква работа ќе те направи богат?

7.  Го правиш ли она во што веруваш, или се помируваш со она што го правиш?

8. Ако просечната должина на човечкиот живот беше 40 години, како поинаку би живеел?

9. До кој степен всушност ја дефинираш насоката која го презеде твојот живот?

10. Што те загрижува повеќе: дали ги правиш нештата правилно или дали ги правиш вистинските нешта?

Silhouette of hiking man jumping over the mountains

11. На ручек си со три лица, на кои им се восхитуваш и ги почитуваш. Сите тие почнуваат да хулат на адреса на твој  пријател, без да знаат дека со него сте многу блиски. Критиката им е неправедна и одбивна. Како ќе реагираш?

12. Ако можеш да дадеш еден совет на новороденче, каков ќе биде тој?

13. Би го прекршил ли законот, за да спасиш сакан човек?

14. Дали некогаш си направил нешто лудо, што подоцна си го признал за креативност?

15. Што е она по што знаеш дека вршиш различно од повеќето луѓе?

16. Зошто работите кои те прават среќен, не ги прават сите луѓе среќни?

17. Што е она што не си го направил, а секогаш си го сакал? Што те запира?

18. Зафатен ли си со нешто, од кое што треба да се ослободиш?

19. Ако треба да живееш во друга земја, каде би отишол и зошто?

20. Го притисаш копчето на лифтот повеќе од еднаш? Дали навистина мислиш дека така лифтот ќе дојде побрзо?

life

21. Кој сакаш да бидеш – измачен гениј или весел будала?

22. Што те прави она што си?

23. Си бил ли таков пријател, каков што самиот ти сакаш да имаш?

24. Што е полошо – кога добар пријател ќе се пресели подалеку или кога ќе изгубиш врска со добар пријател кој живее во близина?

25. За што си најмногу благодарен?

26. Би сакал ли да ги изгубиш сите свои стари спомени, или никогаш повеќе да не можеш да креираш нови?

27. Дали е можно да ја знаеш вистината, ако прво не ја ставил под прашање?

28.  Што е воопшто твојот најголем страв?

29. Се сеќаваш ли оној пат пред 5 години, кога беше толку вознемирен? Има ли значење тоа сега?

30. Кој е твојот најскап спомен од детството? Што го прави толку посебен?

LIFE-IS-BEAUTIFUL-beautiful-pictures-31995648-1400-790

31. Кога во блиското минато си се почувствувал најмногу инспириран и жив?

32. Ако не сега, тогаш кога?

33. Ако се уште не си го постигнал, што има да изгубиш?

34. Си бил ли со некого со кого не сте си рекле ништо, но на разделба сте чувствувате како да сте го имале најубавиот разговор?

35. Зошто религиите кои ја поддржуваат љубовта, доведуваат до толку многу војни?

36. Дали е можно, без да се сомневаш, да кажеш што е добро и зло?

37. Ако сега заработите еден милион, ќе ја напуштите ли работата?

38. Преферирате ли да имате помалку работа да направите, или да имате повеќе работа која навистина сакате да ја правите?

39. Дали си се чувствувал како да живееш ист ден по стоти пат?

40. Кога последен пат си одел во целосна темнина, осветлен само од мекиот сјај на идеја, во која силно веруваш?

live-life-like-game-of-chess-ftr

41. Ако знаеш дека сите луѓе кои ги познаваш, ќе умрат утре, кои ќе ги посетиш денес?

42. Би го скратил ли животот за 10 години, за да станеш исклучително привлечен или познат?

43. Која е разликата помеѓу тоа да си жив и тоа навистина да живееш?

44. Кога е време да престанеш да ги пресметуваш ризиците и придобивките, и едноставно да тргнеш напред да го направиш она што сметаш за правилно?

45. Штом учиме од грешките, зошто толку ни е страв да не згрешиме?

46. ​​Што би правел поинаку, ако знаеш дека никој нема да те тужи?

47. Кога за последен пат обрна внимание на бучавата од сопственото дишење?

48. Што сакаш?

49. По пет години ќе се сеќаваш ли што направи вчера? А минатиот ден? А тој пред него?

50. Одлуките се донесуваат во моментов. Прашањето е: Ги превземаш ли во своите раце, или оставаш другите да одлучуваат наместо тебе?

zz

- Реклама -