50 НОВИ ДРВЈА ВО КАРПОШ

drva1

Денеска,  продолжи хортикултурното разубавување на Општина Карпош. Во Тафталиџе 2, во паркот наспроти ЗЕЛС ( Заедницата на единиците на локалната самоуправа), на ул. ,,Женевска’’,  градоначалникот на Општина Карпош засади 50 дрвца, а најави и понатамошно засадување.

– И понатаму работиме на зачувување на човековата околина во Карпош. Ова 50 дрвца, кои денес ги засадуваме  се јавори и јасени, и се донација од  ЈП ,, Паркови и зеленило’’. Веќе следната недела ќе засадиме нови 100 дрвца, платени од буџетот на локалната самоуправа, што значи ќе имаме дополнителни нови 150 дрва во Карпош. Инаку досега во парковите и дворовите на сите основни училишта и градинки имаме засадено околу 2.000 дрвца. Со тоа локалната власт, максимално се посветува на зачувување на човековата околина, на подобрување на амбиенталниот воздух, и што е најбитно, се грижиме за зеленилото и дрвјата на целата територија на Oпштина Карпош.

drva2

– Како што знаете, Карпош е општина која сама го одржува зеленилото, со мала помош од Паркови и зеленило, и е прва општина која засадува цветни аранжмани по должината на главните булевари. Ова само потврдува дека постојано работиме на парковите и на негување на парковското зеленило, но во исто време го зголемуваме бројот на дрвја кој што постои во нашата општина, образложи првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски.

drva3

- Реклама -