Современата технологија комплетно го промени начинот на кој луѓето комуницираат и купуваат. Затоа компаниите ширум светот постојано иновираат подобрувајќи ја својата дигитална комуникација, услуги и системи. Три македонски компании ќе го направат истото, и тоа со помош на младите креативни луѓе на креативниот маратон Rethink 2019!После големиот успех на минатогодишниот натпревар, Солвео повторно го организира тридневниот креативен маратон Rethink, овој пат со друг концепт.
Целта на Rethink vol.2 е да ги поврзе младите кои имаат креативни идеи со компаниите на кои тие им се потребни. На натпреварот 50 селектирани млади иноватори и креативци, организирани во мултидисциплинарни тимови ќе работат на еден од предизвиците поставени од страна на компаниите-партнери на натпреварот.
Темата на овогодишниот натпревар е Rethink: Тhe future of the digital customer experience (Индината на дигиталното корисничко искуство). Компаниите кои поставија свои предизвици на оваа тема се: Охридска Банка Сосиете Женерал, модната групација Магнетик и Дона, производител за прехрамбени производи. Вкупниот награден фонд за овогодишниот Rehtink е 1500 €. Ќе има 3 победнички решенија, и секое од нив ќе биде наградено со 500 €!Овој креативен маратон е наменет за сите млади креативци од полето на информатичките технологии, е-бизнис, маркетинг, финансии, менаџмент и дизајн. Настанот ќе се одржи од 20ти до 22ри септември во просториите на Иннофеит. Учестовото на настанот е бесплатно, и се што ви е потребно е лаптоп, креативен ум и тимски дух! Повеќе информации за предизвиците и како да се пријавите може да дознаете тука.
Rethink го организира Солвео, првата агенција за стратешки дизајн и иновации во Македонија. Преку партнерства со иновативни компании од регионот, Солвео сака да го поттикне креативниот дух кај младите, и да им даде можност да ги остварат своите амбиции и цели. На тој начин, ги поместува границите на иновативноста во Македонија и вложува во младите луѓе кои се иднината на нашата држава. За да го искусите овој нов начин на работа и сработка, пријавете се за учество на Rethink 2019 ТУКА