Првиот модерен бар-код е скениран на пакетче од 10 гуми за џвакање во продавница во Охајо пред 50 години. Сега не размислуваме многу за тие црно-бели линии, веројатно поради нивната сепрустност и не сме свесни колку првиот бар-код го промени светот.
Педесет години за технологија е сериозна старост, но бар-кодовите се уште не се предаваат. Повеќе од 10 милијарди бар-кодови се скенираат секој ден ширум светот, а новите видови како QR кодовите, отворија и нов простор за користење на оваа технологија, која воведе нова ера во глобалната трговија.
Светот многу се промени од средината на седумдесетите години од минатиот век, но бар-кодот остана ист. Кодот кој е прв пат скениран на 26 јуни 1974 година, е идентичен со милијарди бар-кодови кои се скенираат денес насекаде низ светот.
Креацијата на бар-кодот е кулминација на повеќегодишно планирање на американската прехранбена индустрија. Кон крајот на 1960тите трошоците за работа брзо растеле во продавниците за прехранбени производи, а залихите станувале се потешки за следење. Раководителите се надевале дека бар-кодот ќе им помогне за да ги решат овие проблеми, што на крајот испадна дека е точно.
На почетокот на 1970тите, индустријата основала комитет кој го разви УПЦ – универзален код на производот како стандард на податоци и го избра бар-кодот како предлог за како тој код ќе биде прикажан на производот.
Врз основа на белешките од состанокот, кои се чуваат во архивата на Универзитетот Стони Брук, луѓето кои го развивале овој систем биле свесни дека работат на нешто многу важно.
Во оптимистичните пресметки на прехранбената индустрија се предвидувале дека помалку од 10 илјади компании ќе ги користат овие бар-кодови, па токму затоа и чинот на отчитување на првиот бар-код не добил големо внимание.
Биле објавени само неколку кратки вести, но тоа не била новост која се става на насловните страници. Неговата важност се сфатила по неколку години, откако стана универзален низ целиот свет.
Бар-кодовите не го променија само искуството при купувањето и плаќањето. Правејќи ги производите лесно читливи, овозможиле подобро следење и на залихите, што значело дека може да се следи кои артикли најмногу се продаваат, па поради тоа се променил и начинот на кои се уредуваат продавниците.
Благодарение на тоа, се отворил простор на полиците за побрзо ширење на нови производи, што е причина зошто сега имаме поголем избор на производи.
Денешните огромни продавници и мегамаркети не би можеле да опстојат без огромната количина на податоци за залихите кои лесно ги прибираат благодарение на бар-кодовите. Професорот Санаји Шарма од МИТ вели дека доколку не бил измислен бар-кодот, целиот изглед и архитектурата на продавниците ќе беше сосема различна.
Иако современиот бар-код е измислен во прехранбената иднустрија, тој не бил ограничен само на продавниците. До средината на 1980тите успехот на бар-кодот започнувал да ги освојува и другите индустрии. Во период од три години, Волмарт, Министерството за одбрана на САД и американската автомобилска индустрија започнале да ги користат бар-кодовите за слдење на производите во ланецот на снабдување.
Приватните бродски компании исто така го усвоиле бар-кодот за впишување на идентификационите податоци, а Федекс и Ју-Пи-ес креирале и бар-кодови со сопствените симболи.
Со децении бар-кодовите се дел од нашите животи, а денес ги скенираме безброј пати секој ден, ретко размислувајќи за нивното креирање, бидејќи тие функционираат.
Извор: РТС