Живееме во свет на стартап производи, каде постојано треба да бидеме зависни од програмерите кои треба да ги гаснат „пожарите“. Но, и тие се луѓе и тие понекогаш прават грешки, без разлика дали работат сами или во тим.
Дали некогаш сте се запрашале кои се највообичаените грешки кои еден програмер може да ги направи?
Создавање на производи на основа на нивните проблеми
Многу стартапи имаат реални проблеми. Тие проблеми многу често им се пресликуваат на нивните производи, па создаваат производи на база на нивните потреби и се надеваат дека таква е потребата и на општеството. Тоа е многу голема грешка. Стартапите треба да решат дали таа потреба е потреба и на заедницата, како и да разберат зошто тој проблем постои. А за да го дознаат тоа, тие треба да разговараат со заедницата, да го пронајдат проблемот и да го решат. – John Jackovin, Bawte
Создаваат многу “ѕвона и свирки”
Има многу што да се каже zа минимум остварливите производи. Создадете го Вашиот производ и започнете да ги тестирате Вашите претпоставки во најскоро време. Започнете со мала група на бета тестери и на основа на нивните коментари започнете да воведувате некои “ѕвона и свирки“. – Peter Awad, GoodBlogs
Создавајте нефлексибилен код
Иако за почеток не Ви е потребно да создавате платформа која е целостно сеопфатна, многу е важно да и обезбедите код кој ќе Ви обезбеди сеопфатност во иднина, отколку да започете да мислите за тоа кога ќе биде завршена и успешна. – Fehzan Ali, Adscend Media LLC
Рано имплементирање
Светот на стартапите Ве тера кон рано имплементирање. За бизнис производите многу е важно да имате коментари од корисниците порано отколку подоцнна, кога ќе биде потешко да поправате проблеми. – Danny Wong, Blank Label
Да се грижите многу за вашиот код
За почеток е важно да го решите проблемот со корисниците, уште пред да започнете да го создавате Вашиот код. Ако се сконцентрирате на корисниците, ќе Ви биде многу по лесно да создадете код, бидејќи веќе ќе знаете што Вашите корисници очекуваат од Вас. – Wade Foster, Zapier.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk