Дами внимавајте: 5 трикови на мажите за секс без кондом

Иако научниците тврдат дека користењето кондом не го намалува уживањето во сексот, некои мажи помислата на презерватив никако не можат да ја прифатат, па на големо се обидуваат да го избегнат. Ви откриваме со какви сé трикови се служат мажите за да избегнат кондом.

Неодамна објавена студија во магазинот „Journal of Sex Research“ откри дека 80% од мажите признале дека се послужиле барем со еден трик за да ја наговорат партнерката на секс без заштита. Што е уште полошо, голем број мажи признале дека во просек испробале три различни тактики за избегнување на кондом. За потребите на студијата биле анкетирани 313 мажи на возраст од 21 до 30 години.

1A11A66BFC53FA9144F38415F95747

Ова се петте најчести фрази со кои мажите се служат за да ја наговорат партнерката на секс без кондом:

1. Не грижи се, здрав сум – најпопуларна тактика меѓу мажите

2. Многу си секси. Не можам веќе да чекам, да го направиме тоа веднаш – мажите мислат дека со слатки зборови и коментари ќе ја натераат девојката на секс без кондом

3. Без кондом, подобро чувствувам – најстар изговор, но не мора да е вистинит, жените дури побрзо доживуваат оргазам со кондом затоа што не се плашат од бременост и преносливи болести

4. Може ли да го направиме тоа без кондом? – невина и искрена постапка што мажите мислат дека „пали“

5. Што, зарем не ми веруваш? – емоционалната игра им е главен адут

- Реклама -