Совети од експерт за совладување на првиот впечаток.
Сте пристигнале на некоја забава и сте сфатиле дека во основа не познавате никој, и сте се чувствувале сосема непријатно? Претпоставуваме дека сте одговориле потврдно (сите сме го искусиле тоа на некој начин). Секои такви „собиранки“ од работа или приватни родендени, знаат да бидат застрашувачки.
Па, експертот и авторката на „How to Work a Room: The Ultimate Guide to Making Lasting Connections—in Person and Online“ Сузан Роен, споделува неколку совети како да ги направите овие настани помалку застрашувачки и повеќе забавни.
1. Бидете запознаени со актуелните вести
Вашата домашна задача пред да одите на забава: „Бидете добро информирани и имајте теми за кои можете да зборувате“. Моменталните настани се автоматски теми за коментирање и дискусија.
2. Бидете првиот кој ќе се насмевне и ќе направи контакт со очите
Да, може да се насмевнете назад на некој ако тие го направиле првиот чекор. Но, ќе запознаете многу повеќе луѓе ако завземете про-активен пристап. „Кога некој ви се насмевнува назад, тоа ви дава дозвола да му/ѝ пристапите“, вели експертот. Значи, најдете некој кој веќе е вклучен во разговор и изгледа пристапен, и погледнувајте накај него/неа. Ако ви се насмевнат, имате зелено светло за започнување на разговор со нив.
3. Направете го вашето влегување впечатливо
Роен е поборник за „само- претставување“. Тоа е кратко поздравување кое го вклучува кажувањето на своето име и- наместо работното место- кажувате една работа поради која ја сакате работата која ја работите. Роен еднаш запознала човек во кафуле и го прашала што работи а тој одговорил: „Им помагам на богатите луѓе да спијат навечер“. Искочило дека тој бил финансисли планер, и тие се уште се пријатели. Слично на тоа, ако кажете нешто интересно во врска со работата која ја работите, имате можност за започнување на подобар разговор.
4. Преправете се дека лицето со кое разговарате е единственото во просторијата
„Не постои ништо по одбивно и навредливо за луѓето од некој кој зборува со нив и гледа наоколу да види кој друг е во просторијата“, вели Роен. Можеби звучи очигледно, но знаете дека некој го направил тоа и на вас… Истото важи из а проверување на вашиот телефон на сред разговор.
5. Отворете се за себеси
„Некои луѓе велат дека треба на луѓето да им се поставуваат многу прашања за нив, бидејќи тое им е омилена тема“, вели Роен. „Јас всушност советувам поинаку, односно спротивно на тоа. Ако постојано прашувате прашања, може да оставите впечаток на досадни и наметливи“. Па, запрашајте ја таа личност нешто и коментирајте на нивниот одговор, и споделете своја приказна. Само не заборавајте да разговорот да го одржите жив и фокусиран на темата.