5 причини поради кои плачењето е добро за нас

Иако речиси сите ги мразиме солзите и на нив гледаме како на момени на слабост, сепак, експертите кои ја проучуваат оваа појава не би се сложиле со нас. Всушност, тие тврдат дека плачењето има и благотворни дејства врз нашиот организам.

1. Солзите ги чистат очите

Тие делуваат како природен антибиотик и можат да уништат и до 95% од штетните бактерии во очите, и тоа за само пет минути.

2. Солзите го подобруваат видот

Мембраната на очите може да биде дехидрирана, поради што се јавуваат проблеми со видот, а сликата која ја гледаме е едноставно замаглена. Кога плачеме солзите ја осигуруваат влажноста на мембраната, и на тој начин го олеснуваат и подобруваат видот.

cry

3. Солзите елиминираат токсини

Во текот на 1980-те, др. Вилијам Феј, истражувач на Медицинскиот центар Ремси во Минесота, воочил како солзите во зависност од тоа што ги предизвикало, имаат различен хемиски состав. Така, рефлексните солзи (кои настанале на пример од сечкање лук), се состојат од 98% вода, додека емоционалните солзи полни со стрес хормони – пролактин.

4. Солзите нудат утеха

Интересно е како плачењето е проследено со засилена активност во одреден дел на нервниот состав, чија работа е да го смири телото после стресните случувања, односно да ја забави работата на срцето.

Истражувањата откриле и како плачењето го зголемува нивото на окситоцин, хормонот на среќа, со што се спречува ослободување на хормоните на стресот – кортизол. Освен тоа, при плачењето се ослободува и ендрофин, хормонот кој се лачи за време на физички вежби и секс. Не е изненадувачки што откако добро ќе се исплачат, луѓето се чувствуваат како да им е „полесно“.

5. Солзите нудат емоционално ослободување и поврзување со другите

„Соочувањето“ со емоциите и исплакувањето, помага полесно да продолжиме да чекориме понатаму низ животот. Плачот ги буди нашите животински инстинкти, и дејствува како повик за помош. Со самото тоа, кај вашите најблиски се буди заштитничкиот нагон, и тие ќе направат се за да ве утешат. На овој начин освен што им олеснува на лицата кои имаат некаква мака, доаѓа и до зближување и поврзување со оние околу нив.

- Реклама -