Сите знаеме дека мажите ги создаваат половината од своите фантазии од порно филмовите но, некогаш тоа може само да наштети… еве ги петте митови за кои најчесто мислите дека се вистина и што всушност е реалноста позади нив…
1. Анален секс
Аналниот секс е нешто што е невозможно да не се види во порно филмовите. За аналниот секс во порно филмовите не е потребна никаква подговотовка и сите секогаш се пресреќни за време на самиот чин па затоа и сè изгледа лесно и прекрасно.
Реалноста е што за аналниот секс во вистинскиот живот се потребни вистински подготовки, како физички така и ментални. Лубриканти, техники за прочистување, доверба, опуштање… Ова во поголема мера важи за жените но, исто така и за мажите. Аналниот секс во вистинскиот живот не е баш ист како во порно филмовите.
2. Безбеден секс
Што е тоа? Во порно филмовите скоро и да нема сцена каде што мажот застанува и посегнува по кондом. Таму никој не обрнува внимание на заштитата бидејќи сè е тоа глума и здравјето на актерите е проверено долго пред филмот да започне.
Во вистинскиот живот не само што не оди тоа така, туку и не смее! Вашето здравје и вашиот живот никогаш не треба да биде загрозен само затоа што вие сте сакале да си исполните некоја ваша фантазија видена во порно филмовите. Заштитете се себеси и вашиот партнер па макар и ако по следното утро веќе никогаш не се видите. Ребрасти кондоми, вибрирачки прстени и што сè не… кој рече дека сексот не може да биде безбеден и забавен во исто време?
3. Валкани зборови
Порно филмовите се како Олимпијада на валканите муабети. Таму сите имиња и сите прекари се дозволени. Сите можат да го наречат другиот како сакаат да му кажат што сакаат. Особено жените се оние кои се нарекувани секако за да ја зголемат возбудата кај мажите.
Во реалноста поголемиот дел од жените не се толку отворени за секаков вид на валкани муабети и поголем дел од имињата и прекарите можат да го доживеат како навреда што воопшто не помага за возбудата за време на сексот. Ова е тема која треба да ја начнете со вашиот партнер пред да почнете да ја применувате. Видете какви се ставовоите, мислењата и фантазиите на другата страна. Така ќе можете да си ги исполните вашите фантазии баз да ги повредите чувствата на вашиот партнер.
4. „Машко-центричност“
Центарот на порно индустријата е дефинитивно мажот и тоа е повеќе од јасно. Мажите се главните протагонисти, мажите се главните потрошувачи додека жените пак, се помагалото кое го овозможува климаксот на сите задоволства кај мажот. Ваквата секс кампања ги става жените во инфериорна позиција… а која жена сака да биде запоставена?
Најголемиот доказ за ова е фактот што на АВН наградите кои се еднакви на Оскари во порно идустријата постои награда за „Најдобар орален секс“ што им се доделува само на девојките кои најдобро ги задоволиле своите колеги, додека пак, спротивната категорија на награди воопшто и не постои.
Во вистинскиот живот жените сакаат да бидат задоволени на сите начини исто колку и мажите. Всушност, тоа може да има клучна улога во зголемувањето на нивниот сексуален апетит. Доколку вашата партнерка ја третирате само како средство со кое ќе го достигнете климаксот, ќе се изненадите од тоа колку ќе ви биде лош сексот. Доколку сексот го замислите како натпревар помеѓу партнерите за тоа кој кого повеќе ќе задоволи… ве чека едно од најдобрите секс искуства на сите времиња, ветувам!
5. Оргазам
Кога се работи за порно индустријата, оргазмот е неприродно изразен. Кога доживуваат оргазам, жените се однесуваат како да штотуку добиле на лотарија додека мажите се однесуваат како да го спасиле светот! Оргазмот е супер и никој не би се осмели да го порекне тоа, меѓутоа тоа е малку претерано.
Во вистинсиот живот, да викате колку што ве држи гласот, да се превртувате и да паѓате во несвест навистина не е потребно. Вашиот партнер точно знае, или барем би требало, што и колку ве возбудило и како вашето тело реагира кога доживувате оргазам. Не си го уништувајте искуството со глумење за да го засилите дејството на восхит. Бидете си природни реагирајте баш онака како што ќе ви дојде… Има причина што тие се порно актери а вие не.
На крајот, сè се сведува на една многу едноставна дефиниција: Внимавајте, зборувајте, дознавајте, откривајте, сакајте, експериментирајте, опуштете се и не глумете! Колку повеќе давате, толку повеќе ќе ви биде дадено… зарем не е едноставно? И тогаш, и порно ѕвездите ќе ви позавидат!