5 нешта за вотката што можеме да ги научиме од Полска

Полска е дел од „вотковиот појас“, заедно со нордиските земји, Латвија, Естонија, Литванија, Русија, Белорусија и Украина. Таму вотката се служи во „шотови“ и се комбинира со секоја храна и со сите пријатели, секогаш кога е можно. Исто така, се чини дека има безброј варијанти од пијалокот. Да отидеш во бар во Полска и да нарачаш едноставно „вотка“, е како на келнерот во ресторан да му нарачаш „храна“.

Како и да е, ако посетите некоја од туристичките тури за храна во Полска, ќе го научите следново:

1. Почнала како лек

Потеклото на вотката е предмет на дебата, но многумина се сложуваат дека датира од средниот век, од Полска. Пијалокот е прв пат спомнат во 1405 година, но не како интоксикант, туку како лек кој монасите го нарекувале „вода на животот“.

И денешните Полјаци „се крстат“ во медицинските квалитети на вотката и тврдат дека лекува речиси секаква болест. На пример, ако имате проблеми со стомакот, земате голтка или две Zoladkowa Gorzka – бренд кој буквално се преведува како „стомачни горчини/мачнини“.

2. Нема многу разлика меѓу скапата и евтината вотка

Нормално дека разните состојки даваат различен вкус. Вотката од компир е потешка и има поостар вкус, додека вотката од ‘рж (95% од полската вотка е од ‘рж) е полесна и поглатка за пиење.

Во рамките на секој бренд, пак, нема многу разлика меѓу квалитетот на вотката. Wyborowa е една од главните вотки што ги извезува Полска, и баш од таа вотка служеа и на Оскарите. Но единствената забележлива разлика меѓу нивната стандардна и „екслузивна“ производна линија е што оваа скапата доаѓа во елегантно извртено шише, дизајнирано од архитектот Френк Гехри.

3. Од вотката со вкусови не ти се повраќа

Во Полска, вотката со разни вкусови е голема работа. За разлика од разните „flavor“ варијанти во остатокот од светот, полската сечена вотка (или „nalewka“), подразбира исклучиво свежо овошје за да добие пријатен и сладок вкус.

Домашните верзии се исто така многу популарни, а традицијата оди многу назад – некогаш дотаму што точниот фамилијарен рецепт се открива дури на смртна постела или во тестаментите.

4. Поентата не е начукување

За Полците се смета дека лесно поднесуваат т.е. имаат висока толеранција на алкохол. Зошто? Затоа што не пијат за да се опијанат. Да, вотката е високоалкохолен пијалок (во Европа сé што е со помалку од 37.5% алкохол не може да биде рекламирано како вотка), и затоа трикот е да се пие бавно, заедно со многу солени или високо-масни грицки или мезе, впрочем како што прават Полјаците.

Стратегијата е неопходна, бидејќи како и Британците и чајот, така и Полјаците ја пијат вотката во секоја прилика и секој период од денот. Таму вотката е всушност социјално лепило – венчавките, погребите, крштевките – секој друштвен настан е проследен со специјална здравица со вотка, која се пие што побрзо, пред да достигне собна температура. Тоа важи и за деловните кругови – обично не викате никого по име, сé додека не ги вкрстите чашките заедно да се напиете вотка.

5. Полската вотка има интересна историја

Еден од најиконските брендови на Полска е J. A. Baczewski – израз што постарите генерации го користат како сленг/синоним за Водка. Но, заради промените на границите што ѝ се случија на Полска пред и после Втората светска војна, J. A. Baczewski бил и австриски и украински бренд.

Сторијата на J. A. Baczewski е како извадена од напреден курс по маркетинг. Тие биле првите што почнале да служат вотка во елегантни стаклени бокали наместо во шишиња, и првите што го промовирале нивниот продукт на луксузните океански крстосувачи.

Stefan Baczewski – кој застанал на чело на компанијата на крајот на 20-от век, и самиот бил маркетинг гениј. Кога популарноста на вотката Smirnoff прераснала во закана за неговата компанија, тој отишол право во нивните канцеларии и направил зделка. Оттогаш, на етикетата на секое шише на Baczewski стоел и натпис „единствената вотка со сличен квалитет ја произведува Smirnoff“. Од друга страна, на секое шише на Smirnoff стоело „единствената вотка со сличен квалитет ја произведува Baczewski“. Така, наместо неговиот бренд да биде прегазен од Smirnoff, двата бренда се рекламирале меѓусебно. Замислете ваков дил да направат Пепси и Кока Кола…

- Реклама -