5 намирници што се полоши од белиот леб за вашата линија и здравје

Јасно ви е дека белиот леб е лош за вашата линија и здравје, па автоматски нарачувате сендвич со интегрален леб. Но, не е само тој винивник за вишокот килограми. Прочитајте кои намирници им се закануваат на вашите линија и здравје и тоа повеќе од белиот леб.

Овошен јогурт

photo (8)

Јогуртот и овошјето се здрави. Во што е тогаш проблемот во овшните јогурти? Повеќето од нив содржат голема количина шеќер или вештачки засладувачи како и бои, адитиви кои го кријат фактот дека во нив има малку или воопшто нема овошје.

Кафе

dsc_0629

Модерните варијанти на кафе кои повеќе личат на десерти не само што може да имаат и повеќе од 400 калории туку содржат рафинирани шеќери и млечни масти кои сузбиваат секаква корист од кофеинот. Затоа најубаво испијте обично турско кафе.

Овошни сокови

33622-fruit-juice-from-a-strawberry

Многу мајки на децата за екскурзија им купуваат мали овошни сокови и овошни бонбони. И двата производи се полни со рафиниран шеќер. Зошто попрво не купите овошје или зошто не им исцедите сок?

Крекери

ST_CrackerTray

Во нив нема речиси ништо корисно за организмот. Полни се со адитиви, вештачки бои, шеќери и вештачко брашно. И претерано се солени.

Пуканки од кино или пакувани за микробранова

bigstockphoto_Popcorn_In_Microwave_

Пуканките всушност се здрави, но само ако ги подготвите на маслиново масло на тивок оган. Во кината ги премачкуваат со кој знае какви масти, ги пресолуваат, а се додаваат и слатки преливи. Што се однесува до пакуваните пуканки за микробранова, потрошувачите со години се предупредуваат дека во текот на подготовката се издвојуваат штетни состојки од пакувањето што се поврзуваат со појава на ракот.

- Реклама -