Природата постојано нѐ изненадува со неверојатни нови убавини, без разлика дали тие потекнуваат од животинскиот или растителниот свет. Но, не смеат да се занемарат и оние прастарите убавини во кои можете да уживате од далечина, но за посебно доживување е препорачливо да ги искусите одблиску. Ова се петте најубави планински врвови во светот.
Природата постојано нѐ изненадува со неверојатни нови убавини, без разлика дали тие потекнуваат од животинскиот или растителниот свет. Но, не смеат да се занемарат и оние прастарите убавини во кои можете да уживате од далечина, но за посебно доживување е препорачливо да ги искусите одблиску. Ова се петте најубави планински врвови во светот.
Ама Даблам е планина која се наоѓа во источниот дел од Непал и е дел од Хималаите. Главниот врв се наоѓа на надморска височина од 6812 метри, а понискиот западен врв е висок 5563 метри. Ама Даблам значи „Ѓерданот на мајката“; долгите сртови кои се спуштаат на двете страни од врвовите се како рацете на мајка која го штити своето дете, а глечерот кој се наоѓа во средината локалното население го поистоветува со даблам, традиционалниот ѓердан со два приврзоци кои го носат локалните жени.
Шивлинг е планина во Ганготри групата на врвови во близина на глечерот Ганготри на Хималаите. Планината се наоѓа во северно индиската држава Утарканд, 6 километри јужно од Хиндуистичкото свето место Гаумук. Името на планината се однесува на нејзиниот статус како свет симбол на богот Шива. Раните европски посетители го нарекле врвот „Врв Матерхорн“ поради неговата сличност со познатиот алпски врв. Иако со височина од 6543 метри врвот не е многу висок, во споредба со другите врвови во околината, сепак се работи за драматичен карпест врв. Поради тоа, како и поради големата тежина на искачувањето, овој врв е популарен трофеј за планинарите.
Мачапучаре е планина која се наоѓа во централниот дел на Непал. За локалното население оваа планина е свето место за богот Шива, па затоа е недостапен за искачување. Мачапучаре се наоѓа на крајот на долг срт, кој се спушта јужно тргнувајќи од главниот планински ланец Анапурна Химал и ја формира источната граница на Светилиштето Анапурна. Врвот висок 6993 метри се наоѓа на околу 25 километри северно од градот Покара, административниот центар на регионот.
Пумори е планина, дел од Хималаите, која се наоѓа во близина на границата помеѓу Непал и Тибет. Пумори се наоѓа на само осум километри западно од Монт Еверест. Името на оваа планина значи „Немажена ќерка“ во јазикот на Шерпасите, и го добил од Џорџ Малори. Планинарите понекогаш го викаат Пумори „Ќерката на Еверест“. Овој врв е популарен за искачување, а најлесната патека е оценета како трета класа, иако постои ризик од лавини. Првиот човек кој се искачил на Пумори бил Џерард Ленсер, дел од германско-швајцарска експедиција, во 1962 година. Двајца Чеси се искачиле преку нова патека на јужната страна во пролетта 1996.