5 најчудни места на нашата планета (видеа)

Повеќе... За оние со авантуристички дух (и оние кои можат да си го дозволат тоа) постојат многу неверојатни места околу светот кои можат да се посетат, некои направени од човечка рака, а некои – дело на природата. Овие 5 места се потполно природни и дефинитивно едни од најнеобичните и најмистериозните места на светот. Стотици години научници од различен ков пробале да ги одгатнат нивните мистерии, а патниците во потрага по авантура ги посетуваат за да се восхитуваат на нивната необична убавина.


За оние со авантуристички дух (и оние кои можат да си го дозволат тоа) постојат многу неверојатни места околу светот кои можат да се посетат, некои направени од човечка рака, а некои – дело на природата. Овие 5 места се потполно природни и дефинитивно едни од најнеобичните и најмистериозните места на светот. Стотици години научници од различен ков пробале да ги одгатнат нивните мистерии, а патниците во потрага по авантура ги посетуваат за да се восхитуваат на нивната необична убавина.

Ѓаволовата бања
{youtube}H7Cf_MN7bbg&feature=player_embedded{/youtube}

Застрашувачкиот басен е лоциран во термалниот резерват на Wai-O-Tapu кој се наоѓа во Заливот Пленти или Заливот на Изобилството во Нов Зеланд. Ѓаволовата бања настанала како последица на силна вулканска активност, а зелената боја се добила од различните минерали во водата. Се смета дека е стара повеќе од 160,000 години.

Vale da Lua (Месечевата долина), Боливија
{youtube}Lz5MMKSXCws&feature=player_embedded{/youtube}

Vale da Lua или Месечевата долина е место кое буквално ќе направи да се чувствувате како да сте на друга планета. Овие карпести формации биле создавани во текот на многу години од ерозијата на водата. Карпестите формации најмногу се кварц и кристали и се едни од најстарите на Земјата.

Големата сина дупка, Белиз
{youtube}fPehnEcCCmE&feature=player_embedded{/youtube}

Големата сина дупка е една од најпосакуваните дестинации за искусните нуркачи, заради длабочината, многуте подводни пештери, изобилството тропски риби и ајкулите кои се населени во дупката.

Назка линии
{youtube}tHwN8_qa2c8&feature=player_embedded{/youtube}

Геоглифите од Назка или “Назка линиите” претставуваат серии на геометриски форми, километри од линии и големи цртежи на животински и човечки фигури (некои со големина на фудбалско игралиште) направени на пустинската површина во областа Назка во Перу. Големите геоглифи во пустината Назка потикнале многу теории, од кои има и такви кои линиите им ги препишуваат на вонземјани.

Островот Сокотра
{youtube}Cid9azOHGFY&feature=player_embedded{/youtube}

Островот Сокотра е лоциран во Индискиот Океан на околу 200 наутички милји од брегот на Африка. Островот е дел од Јемен и е еден од најизолираните населени групи на острови во светот. Речиси половина од флората и фауната на овие острови е ендемична и не може да се најде на ниедно друго место во светот.

- Реклама -