Овие опсерватории се жртви на војна, финансирање, политика и светлосно загадување. Тие имаат видено подобри денови и сега остануваат само морничава потсетница на нивната некогашна функција.
Никој не очекува град во Ајова да биде именуван „Хилс“ но секој би очекувал напуштена опсерваторија во Авенијата на Опсерватории на околу 16 километри од Универзитетот од Ајова. Овој едноставен неукрасен пример на американската архитектруа од средината на минатиот век повеќе не служи за набљудување на небото.
Опсерваторијата Мохон дел Триго била изградена во 1902 година со цел да биде искористена сувиот чист воздух на 2607 метри надморска височина во Сиера Невада планините во Шпанија. Но до раните седумдесети нејзината корисност опаѓала – нов оптичка и радио опсерваторија во близина ја запечатила нејзината судбина.
Лесно би можеле да ја помешате оваа напуштена опсерваторија со обичен силос со оглед на тоа што е сместена во средината на земјоделскиот појас на Илиноис. Не е јасно како некој помислил дека влажниот воздух на пасиштата е идеална локација за чувствителни астрономски инструменти кои типично се сместуваат во пустини или на планински врвови.
Напуштената опсерваторија на Универзитетот од Индијана во Најтриџ била изградена во 1936 година и била опремена со електрична енергија. Кога 4 тонската оптика била префрлена во Пол Х. Робинсон Опсерваторијата во Њу Џерзи оваа опсерваторија била оставена да скапува во шумата.
Ако помислите на градби со куполи во Централна Азија првата мисла ќе ви бидат опсерваториите, разбирливо со оглед на впечатливите напуштени опсерватории во Казакстан. Напуштените опсерватории сместени во падините на Тиен Шан Планините се реликвии од Советската ера на инженерски подвизи.