5 митолошки суштества од Австралија

чудовиштаАвстралија е дом на најуникатните екосистеми на планетава, па не е ни чудно што Австралискиот фолклор изобилува со чудни митски суштества, иако нивната слава можеби не е на ниво на нивните европски и азиски роднини. Голем број од овие суштества потекнуваат од културата и митологијата на Абориџините, но има и такви кои имаат помодерни корени.

Австралија е дом на најуникатните екосистеми на планетава, па не е ни чудно што Австралискиот фолклор изобилува со чудни митски суштества, иако нивната слава можеби не е на ниво на нивните европски и азиски роднини. Голем број од овие суштества потекнуваат од културата и митологијата на Абориџините, но има и такви кои имаат помодерни корени.

Бунјип
австралиски чудовишта

Едно од најпознатите австралиски чудовишта е Бунјип, суштество кое живее во близина на потоци, езерца и мочуришта. Постојат околу девет регионални варијации на ова суштество распоредени низ Австралија. Бидејќи бунјипот може да се сретне во многу различни култури, не постои согласност за изгледот на суштеството. Но, неколку чести карактеристики се големи заби, перки и опаш како на коњ. Според локалниот фолклор суштествата излегуваат навечер и се гостат на животни, мали деца и жени. Една теорија за можното постоење на бунјипот е дека се работи за дипротодон, суштество кои изумрело пред околу 20000 години.

Паѓачка мечка
австралиски чудовишта

Најдобриот опис на овие суштества е „џиновиски месојадни коали“. Паѓачките мечки живеат на врвовите на еукалиптусовите дрва, и ловат со паѓање врз жртвата. Овие мечки имаат остри заби и канџи. Според приказните, тие преферираат да ловат ноќе и не се плашат да нападнат животни поголеми од нив. Овие суштества најверојатно се модерна креација, и нивната единствена намена е влевање страв во коските на туристите. На децата често им се раскажуваат приказни за смртоносните роднини на коалата, со упатства како да ги избегнат. Најдобриот метод за заштита од нивниот напад е држење на штрафцигер над вашата глава. Ако една од овие мечки ве нападне, таа ќе се набоди на штрафцигерот.

Чудовиштето од реката Хоксбери
австралиски чудовишта

Реката Хоксбери се наоѓа во Нов Јужен Велс, а во реката живее едно од најчудните суштества во Австралија. Суштеството познато само како „Чудовиштето од реката Хоксбери“, е слично на Чудовиштето од Лох Нес. Описите на ова суштество често се блиски до праисторискиот плесиосаур, кој изумрел пред 70 милиони години. Луќето кои велат дека го виделе најчесто го опишуваат како гуштер со должина помеѓу 7 и 24 метри. Суштеството наводно има два пара перки и долг врат.  Европските доселеници првпат чуле за ова чудовиште во деветнаесетиот век, но истото може да се забележи и во карпестата уметност на Абориџините стара и до 3-4000 години. Абориџините им раскажувале на доселениците приказни за жени и деца кои биле напаѓани од моолјевонк или миреулар, абориџинските имиња за чудовиштето. Слично како и неговиот братучед од Шкотска, ова речно чудовиште има привлечено големо внимание во научниот свет. Многу ловци и криптозоолози потрошиле децении во обид да го лоцираат/фатат чудовиштето.

Јара-ма-ја-во
австралиски чудовишта

Со висина од околу 1,2 метри и жар црвена кожа, јара-ма-ја-во можеби и не изгледа посебно. Но, во реалноста ова може да е едно од најфасцинантните легендарни суштества во Австралија. Слично како и паѓачките мечки, и ова суштество е месојадец кој живее на врвот на дрвјата и се храни со оние несреќници кои поминуваат под него. Разликата е што јара-ма-ја-во има еден од најчудните начини за јадење на својот плен. Кога едно од овие суштества ќе забележи потенцијален плен, тоа скока врз нив и ја исцицува целата крв од својата жртва. Откако жртвата ќе биде доволно ослабена, но сè уште жива, поради загубата на крв, јара-ма-ја-во го голта целото тело. Откако ќе заспие, суштеството го исплукува пленот, а откако ќе се разбуди повторно го проголтува. Овој процес на голтање и исплукување се повторува сè додека жртвата, која е сè уште жива, не се претвори во ново јара-ма-ја-во.

Јови
австралиски чудовишта

Јови е човеколик криптид сличен на северно-американскиот Бигфут и хималајскиот Јети. Ова суштество првпат било пријавено околу 1876 година, но можно е да било дел од абориџинскиот фолклор од поодамна. Јовите можат да достигнат висина од 1,8-2 метри и нивните тела се прекриени со густо црно или кафеаво крзно. Иако најчесто се движат на две нозе, некои луѓе имаат пријавено дека ги виделе како трчаат на сите четири. Приказни за Јовите најчесто се сретнуваат во Нов Јужен Велс, Златниот Брег на Квинсленд, па дури и на полуостровот Кормандел на северниот остров на Нов Зеланд. Последната пријавена средба со едно од овие суштества е од 1997 година, кога жена која живеела во Пустината Таними била разбудена во 3 часот наутро од суштество високо два метри, прекриено со крзно. Полицијата пронашла огромни отпечатоци од стапала крај скината цевка од системот за наводнување. Постојат некоколку теории за вистината зад Јовито. Една од најпопуларните е онаа на самопрогласениот архео-криптозоолог Рекс Гилрој кој тврди дека Јовите се преживеани членови на вид човеколики мајмуни кои биле сметани за изумрени или дури и помалку еволуирана верзија на хомо сапиенс.

Прочитајте и:  Во Австралија нема да има потреба од давање на лични податоци на социјалните мрежи
- Реклама -