Луѓето порано или подоцна ќе патуваат на Марс. Барем сé поочигледен изгледа таквиот исход, особено што сé поголем интерес за праќање на човечки мисии пројавуваат и приватните компании. Меѓутоа, патувањето долго со месеци крие и некои необични опасности за луѓето. Еве пет од нив.
5. Space Lab 20/100
Уште не е потполно јасно, но астронаутите на НАСА забележуваат дека колку подолго се во вселената, видот сé повеќе им слабее. На некои од нив видот им ослабел во рок од шест месеци, а некои останале засекогаш кратковиди. Многу од астронаутите забележале дека Земјата им станува малку матна додека биле на мисии во Меѓународната вселенска станица, но не се осудиле да ги пријават таквите проблеми. Медицинските истражувања покажаа дека поранешните астронаути имаат посплеснати очи и проширени очни нерви.
Една од теориите вели дека слабата гравитација води кон насобирање на течност во главата. За жал, проверката на таа теорија вклучува бушење на коските на черепот на астронаутот, а такво нешто е премногу ризично за вселенските активности. Во меѓувреме, руските астронаути прибегнуваат кон користење на вакуумски гаќи, кои ја повлекуваат течноста назад во нозете.
4. Смртноста на Аполо
Долгорочните набљудувања на астронаутите кои патуваа до Месечината и назад, открија вознемирувачки опасности кои им се закануваат на луѓето вон Земјината орбита. Во споредба со астронаутите кои никогаш не ја напуштиле, месечевите астронаути имаат четири или пет пати поголем ризик од смрт од кардиоваскуларни болести. Бестежинската состојба може да објасни некои од краткорочните ризици од болести на срцето, но не објаснува зошто астронаутите на далечни патувања се изложени на толку поголем ризик.
Истражувањата на глувците покажаа дека вселенската радијација би можела да претставува значително поголем ризик отколку што досега се сомневаа научниците. Станиците во крвните садови се исклучително чувствителни и постои можност дека ќе претрпат големи оштетувања надвор од заштитата од земјиното магнетно поле. Научниците не можат во целост да објаснат што сé точно им се случува на астронаутите, но предупредуваат дека можно е првите луѓе на Марс да живеат значително пократко.
3. Непоканети патници
Астронаутите со себе во вселената носат и бројни непоканети патници, како што се разните бактерии и вируси. За таквите микроби слабата или непостоечката гравитација би можела да се покаже како исклучително поволна средина. Смртоносните бактерии како што се стафилококата или салмонелата се покажаа како и до 7 пати повирулентни во вселената отколку во истите услови на Земјата. Згора на тоа, бактериските култури одгледани во вселената се групираат во дотогаш невидени структури.
Научниците веруваат дека бактериите можат да ја насетат поволната околина за развој и заради тоа ги активираат гените кои водат кон забрзана еволуција. Штом таквите микроби еднаш се вратат на Земјата, досегашното искуство вели покажува дека пациентите заразени со нив значително побрзо умираат и значително потешко ги погодува болеста.
2. Тенка кожа
Веќе подолго време астронаутите се жалат дека имаат проблеми со кожата по враќањето од вселената, но сé до неодамна никој немаше конкретни податоци за што точно станува збор. Истражувачите неодамна успејаа да искористат посебни ласери со цел да откријат што се случува под кожата на астронаутите. Мерењата открија значајно зголемување на производството на колаген и речиси 20-процентно намалување на горните слоеви на кожата. Научниците не се сигурни дали постои некоја граница на смалување на кожата, или губитокот би продолжил континуирано при долгорочните мисии.
Таквите откритија дополнително ги комплицираат и онака ризичните услови во кои астронаутите престојуваат во вселената. Дури и ДНК-та им е загрозена, а тоа го потврдуваат некои од трајните промени во нивната ДНК кои се забележани како последица на космичката радијација во текот на долгите престои во вселената. Засега не постои некоја конкретна заштита од зрачењето, па астронаутите би можеле да бидат изложени на огромни количини на радијација при евентуалните патувања кон Марс.
1. Синдром на солипсизам
Можеби и најголемиот предизвик на долгите патувања е тоа како да се сочува менталното здравје и психичката стабилност на астронаутите. Синдромот на солипсизам е идентификуван како една од посериозните опасности по астронаутите при долгите мисии далеку од Земјата.
Синдромот се карактеризира со тоа што во еден момент оболените стануваат уверени дека целиот свет вон нивниот ум веќе не е реален и не постои. Подолгите периоди на изолација веројатно можат да послужат како тригер за синдромот да прејде од фаза на недоволно изразен, до манифестација на симптомите.
Во однос на животот во вселената и евентуалната изградба на живеалишта на друга планета, во еден извештај на НАСА стои вака: „Животот може да стане долг сон, од кој е невозможно човек да се разбуди“.