Размислете колку долго во ормарот ви стојат некои козметички препарати кои воопшто не ги користите. Дерматолозите направија список од пет производи кои се потполно непотребни и бескорисни. А вие, кога ќе ги тргнете овие препарати кои не ви се неопходни, ќе заштедите доста пари.
1. Тоник
Тониците се измислени бидејќи препаратите за чистење на лице оставаат зад себе лизгав и сапунест траг на кожата. Но, современите препарати за чистење напредуваа толку многу, што тониците можат слободно да заминат во заборав.
2. Маска за стапала
Бескорисен производ. Доколку навистина сакате меки пети и стапала, единствено може да ви помогне педикир третман во некој козметички салон, по што потоа редовно ќе треба да ги премачкувате со хидратантна крема.
3. Сјај за усни
Балсамот или гроздовата маст се сосема доволни за вашите усни да бидат меки, сензуални и сјајни. Доколку ви смета маснотијата што ја оставаат зад себе, тргнете ја нежно со обична палома.
4. Крема против целулит
Не постои лосион, крема или пена која ќе ви помогне да се ослободите од целулитот. Тој е последица од начинот на исхрана, а најважно е да пиете доста течности и да вежбате за да се решите од него.
5. Крема за врат
Вратот третирајте го исто како и лицето. Нанесувајте хидратантни креми со заштита од сонце секое утро, а навечер премачкувајте го со крема со ретинол.