4U, групата која се наоѓа под менторство на Кристина Ковач навикнавме да ја гледаме секој вторникот на Балканскиот X factor.
Девојките овој вторник искоментираа дека не е лесно да се работи со толку жени, па веројатно затоа веднаш се јавија шпекулации низ медиумите дека групата е пред распад.
Наводно, тие постојано се расправале и не можеле околу ништо да се договорат.
Сепак, извори блиски до групата велат дека ништо од сето ова не е точно, дека се работи за четири тинејџерки, и сосема е јасно дека понекогаш ќе се закачат околу некои ситни работи. Сепак, продукцискиот тим и нивната менторка Кристина Ковач се тука за нив во секој миг, па сето тоа брзо се решава.