Home Технологија Најдобрите 100 продукти годинава

Најдобрите 100 продукти годинава

0

intel1PC World направи листа на
најдобрите и најбарани продукти кои ја започнаа новата револуција во технологијата и
со својата иновативност ги истакнаа своите компании во листата на
100-те најдобри во светот.


 
PC World направи листа на најдобрите и најбарани продукти кои ја започнаа новата револуција во технологијата и со својата иновативност ги истакнаа своите компании во листата на 100-те најдобри во светот.

 
ТОП 10

1. Intel Core Duo

intel1
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Овој процесор од Интел овозможува мултитаскинг можности како за обичните, така и за лаптоп компјутерите, што беше нешто невозможно досега. Во денешниот мобилен свет, Core Duo му дава на Интел мала предност во споредба со АМD, кој се наоѓа на второто место.

2. AMD Athlon 64 X2 Dual-Core

amd
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Ако ви треба снага за апликации кои бараат моќ, графика и математички калкулации тогаш X2 e процесорот за вас.

3. Craigslist.org

craig
 
 
 
 
 
 
 
 
Раширен низ повеќе од 200 града во светот, оваа заедница им помага на луѓето и исполнувањето на нивните потреби. Продадете половен клавир или пак најдете сродна душа – бесплатно!

4. Apple iPod Nano

ipodnano
 
 
 
 
 
 
 
Ова е дигитален аудио плеер со 4GB капацитет во мала убава опаковка со извонреден колор дисплеј.

5. Seagate 160GB Portable Hard Drive

saegate
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Портабилен хард диск. Seagate e еден од првите кои ја употребија технологијата на магнетно снимање, за да постават што повеќе информации на помал простор. Баракуда 7200.10 е пак првиот модел за персоналните компјутери кој достигнал големина од 750GB!

6. Google Earth

google
 
 
 
 
 
 
 
 
Сателитски (бесплатни) слики од Земјата се користат преку Google Earth. Преку него може да зумирате во Ирак или пак можете да го користите за да го шпиунирате вашиот сосед, односно да го истражувате остатокот од светот на вашиот десктоп.

7. Adobe Premiere Elements 2

premiere
 
 
 
 
 
 
 
Видео едитор кој е стабилен и силен кога се во прашање видеата и нивното средување. Чини 8 пати помалку од професионалната верзија Premiere Pro, а сепак функционира беспрекорно.

8. Canon EOS 30D

30d
 
 
 
 
 
 
 
Дигитална SLR камера со 8.2 мегапиксели која е изработена за полупрофесионалните фотографи, со можност да ги имате опциите на EOS 5D за попристапна цена. Овој апарат доби извонредни оценки за квалитетот на сликата во повеќе тестови.

9. YouTube.com

youtube
 
 
 
 
 
 
 
 
Сајт за споделување на видеа од секаков вид. Огромна заедница на аматерски сниматели и архиви на видеа. Појдете и вие и аплоадирајте го вашето!

10. Apple Boot Camp

bootcamp
 
 
 
 
 
 
Со помош на двојниот подигнувач(booter) на Мек, Apple конечно дозволи работа на нивните компјутери на Windows и Mac истовремено.
 
 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here