The Bay Lights – светлосна инсталација

Мостот над Сан Франциско заливот има доста комплексно осветлување, но сега станува уште поимресивно. Имено, светлосната инсталација наречена Заливски светла, дизајнирана од страна на уметникот Лео Виљареал е составена од 25.000 LED светилки. Секое светло е индивидуално програмирано кога и како ќе свети, а овој анимиран приказ од светла ќе има можност да се види  и од далечина.

Ова шоу на осветлување на мостот ќе трае две години, за кој период се очекува 50 милиони луѓе да го посетат истиот. Отворањето е закажано за 5ти март, но во меѓувреме може да ги погледнете рендерите на уметникот.

- Реклама -