49 највлијателни мажи за 2009

Дон ДрејперВеб страницата Ask Men ја претстави листата на 49 највлијателни мажи за 2009 година. И ова не би било интересно, доколку не се случеше изненадувањето на првото место. Гледајќи ја сликата, веројатно нема да погодите за кого станува збор. Човекот кој победи, не само што е влијателен, туку и не постои – тој е фикција, лик во сериски филм!

Веб страницата Ask Men ја претстави листата на 49 највлијателни мажи за 2009 година. И ова не би било интересно, доколку не се случеше изненадувањето на првото место. Гледајќи ја сликата, веројатно нема да погодите за кого станува збор. Човекот кој победи, не само што е влијателен, туку и не постои – тој е фикција, лик во сериски филм!

Дон ДрејперПобедникот на листата на највлијателни мажи за годинава која привршува ги победи Роже Федерер (8), Стив Џобс (7), Мајкл Џексон (6), Сајмон Кауел (5), Барак Обама (3) и Јусејн Болт (2) и покрај фактот што не постои во реалниот свет. Неговото име е Дон Дрејпер.

Дрејпер живее во серијата што се емитува на кабелската мрежа во Америка, наречена „Лудаци“. По теркот на „Живот на Марс“ во продукција на BBC, серијата се фокусира на животот во една маркетинг агенција во Њујорк, во шеесеттите.

Поради некоја чудна причина, гласачите и авторите на оваа топ листа заклучиле дека овој човек, главниот лик во серијата, некако магично има поголемо влијание во светот, отколку сите останати на листата. Погледнете ја листата, па одлучете сами дали се во право.

- Реклама -