Ѕирнете во 2012-та преку Лего коцки

Младиот британски филмофил Хари Босерт е креатор на еден од најинтересните осврти за 2012 година, и тоа ни помалку ни повеќе, туку со неговите Lego коцки.

Осумнаесетгодишникот ги искористил омилените играчки од детството за да ги претстави највпечатливите случувања кои ја одбележаа 2012-та година во Британија.

Неговото видео го вклучува глобалниот хит кој ги надмина сите рекорди минатата година, Гангам Стајл, спектакуларното слетување на кралицата Елизабета на Олимпијадата, како и 23-от филм од серијалот за тајниот агент Џејмс Бонд.

– Во текот на летото, 2007 година, ги пронајдов Lego коцките и веднаш ми дојде замисла како да ги искористам. Му ја раскажав мојата идеја на татко ми и заедно се упативме кон мојата соба каде формиравме сценографија и го направивме првото видео, раскажува Босерт.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=U3UcGeWfoCo[/youtube]

- Реклама -