Изминатиов викенд, во склоп на филмскиот фестивал „Ѕирни“ се одржа 48 часовниот филмски предизвик на кој младите фимаџии имаа само 48 часа да направат краток филм до пет минути и притоа да ги употребат зборовите кибрит, музеј и гитара. На филмскиот предизвик се јавија неколку екипи, но филмови испорачаа само четири режисери. На проекцијата во понеделникот имавме можност да ги видиме филмовите „Црна?“, „Кој чека ќе дочека“, „Музеј на спомени“ и „Полињата од нашите мемоари“. ,,Смени го аголот и снимај” беше предизвикот кој го постави „Ѕирни“ и режисерот Игор Христов.
– Изненаден сум навистина од тоа што е пратено и од самата мотивација и креативност на младите творци. Ова го направивме за да има адвенти за младите, да можат да се изкажат, да направат нешто различно и во исто време да го искритикуваат општеството или она што им смета. Сепак треба да ги запазат тие мали правила. Да употребат три зборчиња кои се како насоки и нели сепак ги имаат тие два дена или еден викенд.да го снимат филмот. Секогаш гледам од тие три збора еден да биде локација некоја, екстериер и да излезат надвор со камерите. Да не биде тоа се затворено. Имаше тука неколку опции и на крај се решивме на тие три зборчиња. Екипите беа одлични. Ова се нивни продукции. Креативни се, критични се во исто време. Ова е една трка со времето, со организацијата и со сопствениот ум. Сигурно им било предизвик и се забавувале. Тука можам да гарантирам – вели Игор за Трн.
На филмскиот предизвик се јавија неколку екипи, но филмови испорачаа само четири режисери. На проекцијата во понеделникот имавме можност да ги видиме филмовите „Црна?“, „Кој чека ќе дочека“, „Музеј на спомени“ и „Полињата од нашите мемоари“.
Наградата ја освои филмот „Црна?“
Го прашавме младиот талентиран актер Ѓорѓе Нешковиќ, кој глуми во наградениот филм, како е да се снима филм во 48 часа?
-Многу хаотично, многу тешко, ама интересно е што сите мора да се снајдат, сите мора да функционираат еден со друг, сите мора да си постават своја улога, режисер, камерман… На крај на денот имате 48 саати и вие како тим морате заедно да функционирате и тоа значи дека ќе се случи ќе ги држите светлата како глумци, ќе монтирате сите заедно, ама чувството е тоа. Убрзано. Нема стоп. Се е хаос…- објаснува Ѓорѓе.
„Црна ?“ вели тој е некоја чудна апсурдна комедија, филмче за човек што има дупка во главата и сега треба да открие зошто има дупка во главата.
Филмот покрај жирито ја одушеби и публиката на „Ѕирни“.
Фестивалот годинава по шести пат на скопјани им понуди селекција од домашни и странски кратки филмови во одлична програма дополнета со музика, изложби и претстави. Присутни беа реномирани режисери и филмови веќе познати на светските фестивали, селекција на интернационални кратки филмови и студентски филмови.
Во десет дена дена „Ѕирни“ на неколку локации во Скопје ги собра љубителите на филмот, музиката и уметноста.
Фестивалот се затвара утре со театарска претстава КЕНДИ во Лабораториум и официјално затворање во КОТУР Клуб со музичка селекција на Dоuble G & Soul Case.