Холивуд ја менува историјата во филмовите (видео)

Холивудските режисери, продукциски куќи, студија и сценаристи често пати не ги почитуваат фактите, ги менуваат настаните и ги “чистат“ биографиите во филмовите. Познато е дека Холивуд тргнувајќи од желбата на публиката да ѝ прикаже спектакл неретко ги прилагодува историските настани. Тоа особено е забележително во филмовите со воена тематика, каде што карактерите се прилагодуваат, а неубавата историја се брише.

Во филмовите кои следуваат тоа е многу повеќе од очигледно:

Enemy at the gates

Источниот фронт е многу малку претставен во западната кинематографија. Веројатно најпознатата и најпопуларната екранизација на битката за Сталинград, филмот Enemy at the Gates, во кој Џуд Ло го лгуми познатиот советски снајперист Василиј Зајчев, погрешно ја прикажува активноста на Црвената армија.

[youtube]http://youtu.be/DJbDEXQD0gE[/youtube]

 

Во филмот на Жан Жак Ано советските војници се испратени во битка со само една пушка на двајца војници, што според познатите факти е незамисливо. Вистина е дека во текот на епските битки припадниците на Црвената армија биле оскудни со муниција, но никогаш и никаде не е забележано дека војниците оделе во борба невооружени.

Снајперистот Зајчев, кој во битката за Сталинград убил 225 луѓе, во филмот ја води пресудната борба со германскиот снајперист Ервин Кениг, кој не се спомнува ниту во советските ниту во германските воени докуменарни филмови.

U-571

Филмот U571 во кој американски екипаж влегува во германска подморница во обид да ја зароби германската машина за испраќање кодирани пораки “Енигма“, веројатно е најлош пример за обезвреднување на улогата на сојузничките трупи од страна на Америка.

[youtube]http://youtu.be/2imOf6-H3tI[/youtube]

 

Во реалноста, припадниците на британската морнарица успеале да ја заробат “Енигма“ и тоа дури седум месеци пред Америка да влезе во Втората светска војна, додека во филмот дејството е сместено во 1944 година. Кога филмот почна да се прикажува, тогашниот британски премиер Тони Блер го нарече навреда за британската морнарица.

The Battle Of The Bulge

Во 1965 година “Warner bros“ го прикажа овој филм за големата офанзива на американската војска во Ардени, Белгија во кој американскиот тенк “M47Paton“ го “изигрува“ германскиот тенк “Tiger“, а џиповите што ги вози американската војска се дизајнирани по војната. Покрај тоа, испуштен е фактот дека битката се одвивала на снег, а во филмот воопшто го нема. Исто така, дејството е сместено на рамен терен и покрај фактот дека битката се одвивала на планина.

[youtube]http://youtu.be/0LfZuxzqrbM[/youtube]

Red Tails

Филмот Red Tails со Куба Даунинг Џуниор во главната улога, е трогателна приказна за надминување на расната дискриминација во војската на САД за време на Втората светска војна. Одредот на афро-американските пилоти е прикажан како недопирлив, па во филмот се потенцира дека не изгубиле ниту еден авион за време на војната, додека фактите покажуваат дека тој одред претпрел загуба на 25 бомбардери.

[youtube]http://youtu.be/RypVmBm3bCw[/youtube]

Windtalkers

Акцијата на Џон Ву со Николас Кејџ во главната улога е базиран на употребата на Навахо јазикот со испраќање на шифрирани пораки во Втората светска војна. Делот од приказната дека припадниците на племето Навахо кои учествувале во војната имале телохранители е точна, меѓутоа, демантирано е дека телохранителите биле задолжени да ги убиваат, за да не паднат во рацете на Јапонците.

[youtube]http://youtu.be/86QB_WXYcqE[/youtube]

 

Исто така, експертите процениле дека режисерот сосема потфрлил со сцените во кои се води битка, во кои никој не се однесува како војник,а сите учесници се оддалечени еден од друг по најмалку три метри.

The Green Berets

Голем број филмови за војната во Виетнам имаат многу маани, но ниту еден како The Green Berets со Џон Вејн.Во суштина, филмот е пропаганда во корист на војната и погрешно се пренесени и воените и фактите за расположението на јавноста во тоа време. Високо обучениот полковник на “Зелените беретки“ кого го глуми Џон Вејн во некои сцени ја држи пушката наопаку, има забележителен вишок на килограми и 60 години.

[youtube]http://youtu.be/KAmwJoNYOz8[/youtube]

 

Технички грешки има на секој чекор, од лоши реплики на пушката М16 која нема шаржер, до борови во џунглите во Виетнам. Критичарите го нарекоа филмот “каубојски и индијански“ и оценија дека ја глорифицира војната и ја сведува на безброј клишеа.

The Hurt Locker

Награден со шест Оскари овој филм следи тим експерти за деактивирање бомби во Ирак. Ветераните од војната во Ирак оценија дека наредникот Џејмс (Џереми Ренер) не можел да деактивира 870 бомби во кариерата, како што се наведува во филмот. Тоа би значело дека дневно во Ирак се деактивирани три експлозивни направи.

[youtube]http://youtu.be/2GxSDZc8etg[/youtube]

 

Војниците се прикажани како непослушни, а поранешниот техничар за деактивирање на бомби, Британецот Гај Мерот рекол дека тие во филмот се погрешно претставени како “зависни од адреналин“.

- Реклама -