Изведувачи на церемонијата на инаугурација на Обама

Кејти Пери, Ашер и Фан се новите имиња на списокот на изведувачи кои ќе учествуваат на инаугурацијата на американскиот претседател Барак Обама. Претходно Бијонсе, Џејмс Тејлор и Кели Кларксон го потврдија својот настап на церемонијата која ќе се одржи на 21ви овој месец. Исто така, се очекува да настапат Алиша Кис, Бред Пајсли, Марк Антони, Стиви Вондер, Џон Леџенд, актерите од серијата Гли и други.

Инаугурацијата ќе биде проследена со неколку настани, од кои два официјални балови кои ќе се одржуваат во ‘Washington Convention Center’, заедно со детски концерт на 19ти јануари. Сите билети за инагурацискиот бал се веќе продадени и се очекува да присуствуваат околу 35.000 политичари, бизнисмени и донатори во кампањата.

Бијонсе ќе ја пее национална химна. Бијонсе на првата инаугурација ја изведуваше нејзината верзија на р&б класиката “At Last”, претходно популарно отпеана од Etta James, додека Претседателот Обама и неговата жена Мишел го имаа првиот танц како Претседател и Првата Дама на Америка, на 20ти јануари, 2009 год. на Neighborhood Inaugural Ball.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=HGrq1SzkHs0[/youtube]

- Реклама -