Sony лансира водоотпорен, безжичен Walkman Sports МР3 плеер

Легендарниот Sony Walkman кој предизвика цела категорија на прозводи, продолжува да живее. Најновиот производ е водоотпорен, безжичен mp3 плеер.

Sony ја објави серијата Walkman Спорт на CES во Лас Вегас вчера (понеделник). Доаѓа со 4GB простор за складирање и има до осум часа аудио репродукција. Исто така нуди опција за многу брзо полнење. Дури и ако батеријата е целосно потрошена, со само три минутно полнење, уредот може да обезбеди музика до 60 минути.

Целиот плеер е во вид на слушалки споени со жица за поддршка и доаѓа со мали, средни и големи слушалки, што го прави идеален за безбедно, долго и удобно трчање, возење велосипед или пливање.

Плеерот може да остане постојано потопен во длабочина до 2 метри, па исто така е и одличен придружник за пливање. Sony советува да не се потопува во морска вода.

Sony Walkman Sport ќе биде достапен во Март во сина, розева, бела и црна боја преку Sony online за околу 99,99 $.

sonyslusalki

- Реклама -