Официјално: Катанец нов селектор на Словенија

Поранешниот македонски селектор Среќко Катанец повторно се враќа на кормилото на словенечката репрезентација, соопшти во првите денови од новата година Фудбалскиот сојуз на Словенија.

За Катанец ова е втор пат да ја предводи селекцијата на Словенија која токму под негово водство ги оствари најголемите успеси во истроијата, со пласманот на ЕП 2000 и СП 2002 година.

Среќко Катанец, кој од март 2006 до мај 2009 година беше на чело на нашиот национален тим, на местото селектор на Словенија доаѓа место отпуштениот Славиша Стојановиќ, кој доби отказ веднаш по поразот од Македонија на пријателскиот натпревар одигран во ноември минатата година во Скопје.

Словенија по првите четири кола од квалификациите за СП 2014 во Бразил забележа само една победа во Групата Е.

- Реклама -