Како што дознава Алсат, во последниве 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјава, со што вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата достигна 663 лица.
По градови:
Скопје –12,
Куманово – 13,
Прилеп – 8,
Тетово -1,
Струга – 2 ,
Велес – 8,
Кочани – 1,
Пробиштип – 1.
Родилката од Куманово која иако почина вчера, евидентирана е во денешната статистика на министерството за здравство. Со тоа вкупниот број на починати од вирусот достигна 31.
Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19, наведоа од Министерството за здравство.