Во сред пустина се наоѓа една од најубавите цветни градини на светот, а во нејзиното одржување допринесува вграде еколошки систем за полевање.
Чудесната градина во Дубаи (Dubai Miracle Garden) се смета за една од најголемите цветни градини на светот. Со повеќе од 45 милиони цветови во сите бои распоредени на стотици начини, претставува глетка која го остава секој без здив.
Растенијата се групирани во облик на пирамида, кругови, ѕвезди, шарени патеки и романтични премини за заљубените, а живописните комбинации на бои допринесуваат за севкупно неверојатниот впечаток.
Оваа градина е специфична по тоа што се наоѓа на сред голема пустина, а во нејзиното одржување допринесува вграде еколошки систем за полевање.
Тука се наоѓа и цветен ѕид, најдолгиот во светот, со должина од еден километар.
Погледнете го видеото кое говори повеќе од илјада зборови.