Моќни женски суштества во митологијата

митологијаНекои луѓе мислат дека патријархалните општества ја сочувуваат својата структура преку игнорирање на жените. Но, во секоја традиционална митологија има по некое специјално суштество кое изгледа како жена. Овие суштества најчесто ги опфаќале сите оние аспекти од женскиот карактер кои не им се допаѓале на мажите.

Некои луѓе мислат дека патријархалните општества ја сочувуваат својата структура преку игнорирање на жените. Но, во секоја традиционална митологија има по некое специјално суштество кое изгледа како жена. Овие суштества најчесто ги опфаќале сите оние аспекти од женскиот карактер кои не им се допаѓале на мажите.

Горгона
митологија

Ова страшно суштество го добива своето име од грчкиот збор „горгос“ кој значи „ужасно“. Не е тешко да се види зошто го добила тоа име, со оглед на тоа што наместо коса има живи змии отровници. Покрај косата, горгоните ги скаменувале сите оние што ги погледнувале во очи. Бројот на горгони варира во различни митови и легенди. Најчестиот опис бил дека постоеле три горгони кои биле сестри. Еурјал и Стено биле бесмртните сестри, и Медуза била убиена од Персеј. Поради нивниот магичен поглед, горгоните се чест заштитнички мотив во уметноста, и често можат да се видат на влезовите од некои стари тврдини.

Сирена
митологија

Многу опасни и моќни жени-птици, познати како сирени, постојано се спомнуваат во грчката митологија и поезија како епот на Хомер, Одисеја. Нивната убавина, во комбинација со нивните милозвучни песни ги направило совршени заводнички. Сирените за забава ги привлекувале морнарите кон островите на кои живееле, само за да доживеат бродолом на карпестото крајбрежје. Иако традиционалните приказни ги претставуваат сирените како страв и трепет за сите морнари, постарите митови јасно ги опишуваат како „ќерки на Земјата“. Во тие митови, нивниот глас се слушал на брегот, но тие живееле на ливади прекриени со цветови далеку од брегот, и не биле морски божества како што се претставени во подоцнежните приказни.

Валкири

митологија

Во нордиската митологија постојат суштества наречени валкири. Тие се опишани како убави жени кои поминуваат по бојното поле откако битката ќе заврши. Но, овие митолошки трагачи по воини се добронамерни духови. Тие ги собирале душите на оние воини кои храбро се бореле и умреле славно, по што ги носеле во митската Валхала каде што вечно се одмарале, опуштале и пиеле медовина како награда за нивната бестрашност во соочувањето со непријателот.

Сфинга
митологија

Сфингите прво се сретнуваат во старото египетско кралство како статуи и скулптури на кои е претставена женска глава на телото на лавица. Оваа верзија на сфингата била создадена во чест на една од две египетски божици – Баст, која најчесто е претставувана како мачка или Секмет која била лавица. Египетското име на сфингите е изгубено во историјата, бидејќи името „сфинга“ потекнува од грчки збор кој значи „оној кој дави“. Варијација на сфингите се појавила во грчката митологија откако Грците воспоставиле контакт со Египет.

- Реклама -