Home Култура Пет теми за интелигентни разговори

Пет теми за интелигентни разговори

0

разговориЧовекот е друштвено животно, што значи дека најубаво ни е кога сме со многу луѓе, што подразбира и разговари. Но, секому може да му се случи да нема за што да зборува. Ако сакате да ги импресионирате вашите соговорници, еве неколку теми за разговор кои ќе направат да звучите поинтелигентно.

Човекот е друштвено животно, што значи дека најубаво ни е кога сме со многу луѓе, што подразбира и разговари. Но, секому може да му се случи да нема за што да зборува. Ако сакате да ги импресионирате вашите соговорници, еве неколку теми за разговор кои ќе направат да звучите поинтелигентно.

разговориВан Гог

Винсент ван Гог веројатно е најпознатиот сликар, и ако ништо повеќе, ќе ги препознаете барем „Ѕвездена ноќ“ или „Автопортрет“. Ван Гог припаѓал на импресионистичката школа, а сите знаат и дека си го пресекол увото. Разгледајте ги неговите слики и запамтете ги имињата на неколку, потоа само спомнете ги и кажете што ви се допаѓа кај нив.

разговориНиче

Филозоф и писател од деветнаесетиот век кој е најпознат по неговите критики на религијата („Бог е мртов“) и егзистенцијалната филозофија. Крајно контроверзен и сè уште е тема на многу дебати. Што и да правите, избегнувајте расправии за Ниче и запомнете „Мислам дека неговите идеи поттикнуваат размислување“.

разговориЏексон Полак

Американски сликар од дваесетиот век кој е познат по размачкување боја на платна како мајмун, сериозно. Но, не ги критикувајте неговите дела, туку само кажете нешто во стилот „Не ги разбирам неговите слики, но во секој случај сум фасциниран од нив“.

разговориКафка

Кафка бил работник во јавна администрација кој пишувал во своето слободно време и бил анонимен пред неговата смрт. Откако неговите книги биле објавени постхумно, почнал да биде именуван како еден од најкреативните писатели во историјата. Прочитајте ја „Метаморфоза“, кратка приказна за човек кој се претвора во бубачка. Слободно искоментирајте дека некој настан е кафкастичен. Тоа значи дека потсетува на човек кој се претвора во џиновска бубачка, ама звучи поинтересно.

разговориСалвадор Дали

Еден од најлудите сликари на модерното време. Најверојатно ја знаете неговата слика „Постојаност на сеќавањето“ со часовниците кои се топат. Дали исто така создавал скулптури, фотографии, филмови и книги и сите изгледаат како да биле инспирирани од психоза. Ако некогаш сте се прашувале како би било да патите од шизофренија, тогаш оставете ја дрогата и потонете во сликите и филмовите на Дали.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here