Пластифициран тестис 360 евра, бели дробови од пушач 3.600 евра

dr_deathОва е само дел од ценовникот на контроверзниот 65-годишен анатом кој се занимава со пластифицирање на човечките органи, Гунтер фон Хагенс (или како што го нарекуваат доктор Смрт), а кој неодамна почна да ги продава своите морбидни уметнички дела.


100602038Ова е само дел од ценовникот на контроверзниот 65-годишен анатом кој се занимава со пластифицирање на човечките органи, Гунтер фон Хагенс (или како што го нарекуваат доктор Смрт), а кој неодамна почна да ги продава своите морбидни уметнички дела.

Така, за само 80 евра можете да си купите пластифициран пресек од потколеница, коски и лист на ногата. Пресек од раката чини 185 евра, а пресек на телото преку карлицата, со се она што анатомски и припаѓа, чини 300 евра.

Ако пак сакате пресек на глава со мозок – тоа чини 1500 евра, а пресек од цело човечко тело е 11.000 евра. Кој сака да купи цели органи тоа може да го направи по следниве цени – тестисот чини 360 евра, а бели дробови од пушач 3.600.

Сите пластифицирани органи се продаваат како уметнички дела, бидејќи изложбите со пластифицирани човечки лешеви поставени во разни животни пози, чиј автор е Гунтер фон Хагенс, „гостуваат“ во уметничките галерии ширум светот. Тие изложби ги посетуваат десетици милиони луѓе. Минатата година неговата скулптура со два леша, претставени во екстазата на полов однос ги полнеше рубриките со скандалозни вести, а оваа година изложи соголени пластифицирани животни.

Гунтер фон Хагенс, е изумител на процесот пластинација, односно менување на телесните течности со силикон, со што органите ја задржуваат својата форма речиси вечно. Деловите од човечката анатомија за изложување се подготвуваат во погон во Губен, на крајниот исток од Германија од страна на 220 работници. Противниците на фон Хагенсовите изложби нив ги нарекуваат „патувачки циркус, прикриен облик на канибализам.“

- Реклама -