20 несреќни лекции што девојчињата ги учат од филмот „Самрак“

„Самрак“Второто продолжение од „Самрак“ со поднаслов „Млада месечина“ во моментов ги урива рекордите на гледаност и на заработка во кино салите. Но, овде нема да се занимаваме со приказната, квалитетот на филмот, причините за популарноста и сл., туку со дваесетте несреќни лекции што девојчињата ги учат од сагата за вампирската љубов.

Второто продолжение од „Самрак“ со поднаслов „Млада месечина“ во моментов ги урива рекордите на гледаност и на заработка во кино салите. Но, овде нема да се занимаваме со приказната, квалитетот на филмот, причините за популарноста и сл., туку со дваесетте несреќни лекции што девојчињата ги учат од сагата за вампирската љубов:

Самрак1. Ако момчето е далечно, молчаливо, ве игнорира или едноставно е грубо кон вас, тоа е затоа што потајно ве сака и вие сте единстевната причина за неговото постоење.

2. Тајните се добра работа, особено оние кои можат да загрозат нечиј живот.

3. Нема ништо лошо во тоа потенцијалниот партнер да е приглуп, одмаздољубив и насилен, сѐ додека има одлични стомачни мускули.

4. Ако момче ви каже дека треба да стоите на страна од него затоа што можеби ќе ви го загрози животот, тоа значи дека потајно е вљубен во вас и треба да останете со него, зашто ќе ве чува безбедни засекогаш!

5. Ако момчето ве остави ненадејно, попатно кажувајќи ви дека никогаш повторно нема да го видите, тоа е затоа што ве сака толку многу, што ќе страда, само за да ве чува безбедни засекогаш!

6. Кога момчето ќе ве остави, паѓањето во шок, оддалечувањето на сите пријатели и невообичаеното однесување се сосема прифатливи, сѐ додека оценките не ви трпат поради тоа.

7. Романтично е да се ставате во опасни ситуации само за повторно да го видите поранешното момче. Уште поромантично е да се сетите на неговиот глас кога тој ви се дерел.

8. Момчињата што ве оставаат, секогаш се враќаат.

9. Затоа што момчињата секогаш се враќаат, треба да ги чекате, ако треба и со месеци, притоа игнорирајќи го фактот дека се појавиле поприфатливи луѓе кои немаат тенденција да ве малтретираат.

10. Иако немате никаква намера да имате што и да е со некој нов што се појавил, треба да го влечкате по себе со месеци, да го терате да ви поправа нешта, а којзнае, можеби и ќе ви купи нешто.

11. Треба да го искористите погоре споменатиот да ви поправа работи, зашто е општопознато дека девојчињата не умеат со механички или технички работи.

12. Лажењето на родителите е во ред. Лажењето на родителите додека бегате од дома за да го спасите вашето момче со самоубиствени намера е уште повеќе во ред, зашто покажува карактер и зрелост!

13. Крадењето автомобили во име на љубовта е општествено прифатливо.

14. Ако поради вашето момче бидете претепани (дури и ако е тоа само индиректно) и поради тоа завршите в болница, на родителите и властите треба да им кажете дека сте паднале по скали, зашто сте несмасни. Ова секогаш функционира за злоупотребуваните жени.

15. Мажите можат да се сменат на подобро, но само ако смените сѐ за себе, се откажете од сѐ и потполно се посветите на нивната потреба за промена.

16. Младите девојки не треба да работат на своите социјални способности, ниту на емотивната состојба. Наместо тоа, треба да бараат потенцијални партнери кои ги делат нивните огромни недостатоци.

17. Девојчињата не треба секогаш да читаат серијал книги, само затоа што сите други ги прочитале!!

18. Кога пишувате серијал книги, треба да користите полупроверени извори за информациите и да ги извртите до максималното можно ниво, со големи дози на тинејџерски гнев!

19. Кога гледате филм, треба особено да им посветите внимание на дваесетте минути заплет, скриен помеѓу бескрајните сцени на празно зјапање, молк и монолози исполнети со себесожалување.

20. Вампирите, некогашните мистични негативци од филмовите и книгите, веќе не се страшни. Сега се подеднакво врескави, себезаљубени и немоќни колку и секое просечно човечко суштество.

- Реклама -