Интерактивна мапа со концертите на Стоунси од изминатите 50 години

Блогот CartoDB го следи сите турнеи на популарниот рок-бенд The Rolling Stones уште од 1963 година. Авторите на блогот составија интерактивна мапа која ги визуализира сите турнеи на Стоунси со поединечни точки на мапата.

Музичката кариера на The Rolling Stones долга половина век, бележи повеќе од 1.300 концерти ширум светот и поминати речиси еден милиони километри во патување за време на турнеите.

По повод 50-годишнината на бендот, блогот CartoDB создаде интерактивна мапа која ја визуализира музичката историја на The Rolling Stones.

Секој концерт има поединечна точка на мапата, а кога со курсорот ќе застанете на точката, може да ја видите датата и локацијата на настапот на Стоунси. Исто така, ќе може да прочитате и неколку информации за тој концерт. На пример, дека европската турнеја во 1967 година беше последна за Брајан Џонс, кој, всушност, го формираше бендот и му го даде името.

Информациите за интерактивната мапа за The Rolling Stones, CartoDB ги зеле од Wikipedia.

– Со спојување на местата на кои тие досега настапувале, не само што може да се види глобалниот раст на популарноста на бендот, туку може и да се забележи далечината што ја минувале од едно до друго место, како и врските меѓу турнеите и промоциите на нови албуми – велат авторите на блогот. [See 50 Years of Rolling Stones Concerts in Interactive Map]

- Реклама -