Четири најчести сексуални проблеми што ги мачат партнерите

Сексот станува монотон, досаден, тешко доживувате оргазам и не знаете како да го одбиете партнерот кога не сакате секс. Ова се најчестите проблеми со кои се соочуваат партнерите кога е сексот во прашање.

Сексот станува досаден

Нема ништо полошо од тоа кога луѓето тврдат дека е природно сексот да стане досаден во врска што трае повеќе години, и дека тука нема ништо што може да се направи. Всушност, би можеле многу да направите за сексот да остане страствен, само мора да поработите на тоа. Единствената предност на новите љубовници пред оние долгогодишните е новата територија и целата возбуда околу тоа, иако тоа е безначајно во споредба со добрите страни кај долгогодишните партнери, односно опуштеност кога сте заедно, отворен разговор и уживање во потполно отсуство на комплекси бидејќи меѓусебната доверба веќе е добро поткована. Верувањето дека сексот задолжително избледува во даден момент е исто како да не аплицирате за некое работно место бидејќи сте убедени дека нема да го добиете. Кој знае што би можело да се случи кога би вложиле малку напор?

Партнерот не сака брз секс

Ако вашата девојка не сака секс на „екс“, можеби станува збор за нешто многу едноставно, потребно и е повеќе време за да се навлажни. Набавете лубрикант и видете дали тоа ќе помогне. Многу жени се возбудуваат ментално, но потребно е време за и телото да реагира на тоа (а „сувиот“ секс не е воопшто забавен). Прашајте ја зошто не сака брз секс. Тој е одлично дополнување на лежерниот, долг секс, но ако го посакувате секој втор пат, не треба да ве чуди што таа идеја повеќе не ја воодушевува.

Не доживувате оргазам

Дали е во ред тоа што тој доживува оргазам, а вие не? Нормално е да очекувате да бидете задоволени на крајот од водењето љубов. Само имајте на ум дека мажите не се толку добро запознаени со телесните течности како жените (никогаш не морале да се соочуваат со појави како што е менструацијата), но брзо едноминутно туширање во бањата ќе му го промени мислењето, барем додека малку не се опушти. Друга можност е да доживеете оргазам со орален секс пред односот или да побарате рачно да ве задоволи после него. Уште подобро, да го стимулира вашиот клиторис за време на сексот.

Како да одбиете секс

Пробајте со нов пристап, не се грижете и ако го вознемирите. Повеќето мажи би сакале да одбиете, отколку да имате секс кога не сакате. Ако тој тоа го бара од вас, променете го партнерот. Не ви е потребна негова дозвола за да го одбиете. Ако сте љубезни, а тој е добар дечко, веројатно навредено ќе се заврти и некое време ќе ви биде подналутен, но брзо ќе сфати дека се однесува детинесто. Исто така, кажете му ја вистината – исцрпени сте, ви се спие, или едноставно, не ви е до тоа. Разјаснете му дека одбивате секс, а не него, и дека тоа би требало нормално да го прифати тоа.

- Реклама -