Како да се однесувате во туѓа земја

Повеќе... Секоја култура има различни обичаи и традиција или како што вика изреката – колку луѓе, толку нарави. Веб страницата Travel Etiquette е корисен водич низ обичаите на различните култури, кој може да ви помогне да научите како да се однесувате кога патувате во туѓа земја.


images.jpgСекоја култура има различни обичаи и традиција или како што вика изреката – колку луѓе, толку нарави. Веб страницата Travel Etiquette е корисен водич низ обичаите на различните култури, кој може да ви помогне да научите како да се однесувате кога патувате во туѓа земја.

Досега сајтот има повеќе од 60 артикли со совети како да се однесувате во места како Мароко и Јапонија до Јужна Африка и Португалија. Нови локации редовно се додаваат. Сајтот е лесен за навигација: го внесувате името на земјата која ве интересира во полето за пребарување или можете да пребарувате низ листата со земји.
Советите вклучуваат како да се облечете соодветно, како да јадете во склоп со локалните обичаи и како да се поздравувате кога среќавате нови луѓе. На пример, Travel Etiquette ве советува да не бидете изненадени од начинот на комуникација во Аргентина кој може на прв поглед да ви изгледа грубо и непристојно:
„…Не бидете изненадени ако слушнете нешто што би ви изгледало како погрдно довикување или пцуење меѓу пријателите. Во овој случај, политичката коректност не важи, па чест случај е Аргентинците да користат погрдни зборови како „дебел“ или по некоја пцовка кога комуницираат со пријателите. Во овој случај никој не мисли лошо, едноставно ова е вкоренето во културата и е знак на пријателско шегување!“
Веб страницата исто така дава и некои поопшти совети како правилно однесување во хотел и на аеродром и како да се однесувате со локалните луѓе.

- Реклама -