Home Букаке Хумор Неконвенционални стратегии за барање работа

Неконвенционални стратегии за барање работа

0

СтратегијаДо сега, веројатно ги имате прочитано сите совети кои постојат на тема – како да импресионирате на интервју за работа. Но, речиси е сигурно дека не ги знаете овие стратегии за барање работа. Се работи за неконвенционален пристап, кој или ќе успее или ќе ви заработи пат до полициска станица.

До сега, веројатно ги имате прочитано сите совети кои постојат на тема – како да импресионирате на интервју за работа. Но, речиси е сигурно дека не ги знаете овие стратегии за барање работа. Се работи за неконвенционален пристап, кој или ќе успее или ќе ви заработи пат до полициска станица.

1. Вообичаен пристап: Истражете ја компанијата за која сакате да работите. Ова им покажува на работодавците дека не сте мрзливи и дека знаете да покажете иницијатива.

Неконвенционален пристап:
Навистина истражете ја компанијата. Најдете некој хакер кој ќе ви помогне да го пробиете компјутерскиот систем. Најдете ги финансиските информации за работата, лични податоци за вработените, а особено за оној што ве интервјуира. Така ќе можете да воспоставите емотивна врска со него, знаејќи ги сите негови доблести и слабости.

Интересно2. Вообичаен пристап: Изгледајте професионално. Треба да сте облечени пристојно, т.е. во облека што е соодветна за работно место.

Неконвенционален пристап:
Изгледајте впечатиливо. Направете оној што ве интервјуира да помисли дека имате добри приказни зад себе, приказни кои се вредни за раскажување. Појавете се: голи, во костим од Бетмен, како нинџа или пак со рекламни плочи од обете страни на кои ќе бидат испишани пророштва за неизбежниот крај.

3. Вообичаен пристап:
Појавете се 10 минути порано. Ова им покажува на работодавците дека сте точни и го почитувате нивното време.

Неконвенционален пристап:
Провалете во канцеларијата и спијте под биро. Пристигнувањето пред сите нормални и психички здрави луѓе кои го почитуваат законот, ќе ви овозможи да демонстрирате колку многу го почитувате времето на работодавците и колку сте заинтересирани за работата.

Допир4. Вообичаен пристап:
Ракувајте се цврсто. Ова покажува силен и стабилен карактер.

Неконвенционален пристап:
Допрете го лицето на оној што ве интервјуира. Ако ви успее, речиси сигурно ја добивате работата, ако не, тогаш сте паднале многу, многу ниско.

5. Вообичаен пристап: Воспоставете контакт со очите. Тоа ве прави да изгледате доверливи и стабилни.

Неконвенционален пристап:
Не трепкајте. Очите се прозорец кон душата, па дајте им време да ѕирнат во вашата, за да можат да ја откријат вистинската природа на човекот спроти себе.

6. Вообичаен пристап:
Поставувајте прашања за работното место и иднината на компанијата. Ним им е важно вам да ви е важна иднината.

Неконвенционален пристап:
Започнете да го живеете животот на компанијата уште пред да дојдете на интервју. Купете облека со нивното лого или ако таква не постои, направете си сами (зашијте го логото на џемпер). Покажете им слики од активностите на компанијата во кои сте се фотошопирале себеси. Тоа ќе им покаже колку многу сте заинтересирани за иднината.

Покажување7. Вообичаен пристап:
Споменете ги мерливите постигнувања. Споменете ги работите што сте ги постигнале, заштедени пари, создаден производ, склучени зделки, нешто што ќе покаже дека не сте само некој што седи во столче.

Неконвенционален пристап:
Не кажувајте, покажувајте! Наместо да раскажувате за своите подвизи, направете нови. Земете нешто од бирото на оној што ве интервјуира, најдете ја грешката и покажете му како треба да се направи подобро.

8. Вообичаен пристап:
Не го критикувајте претходниот работодавец. Тоа ве прави да изгледате малодушни и нелојални.

Неконвенционален пристап:
Најдете колку што е можно повеќе начини да го критикувате претходниот работодавец. Особено ако барате работа во истата индустрија, т.е. кај некој негов конкурент. Однесувајте се како загрижен граѓанин кој едвај дочекал шанса да раскаже некому за злоделата што се случувале во таа компанија.

Слабост9. Вообичаен пристап: Имајте подготвен одговор на прашањето што сите го мразат: „Која е важата најголема слабост“. На ова мора да одговорите така што нема да изгледате неспособен, а слабоста да ја направите да изгледа како доблест.


Неконвенционален пристап:
Штом ќе ве прашаат, скршете стол. Во стилот на Чак Норис или Џек Бауер, ќе покажете дека немате слабости, зашто сте супер-човек!

10. Вообичаен пристап:
Обезбедете препораки. Работодавците најчесто не ги ни проверуваат или само се јавуваат колку да потврдат дека некогаш чуле за вас во претходната компанија (или некој ваш пријател што се преправа дека е компанија), но добро е да ги имате.

Неконвенционален пристап:
Препораки не ви се потребни. Само што скршивте стол со голи раце. Невозможно е да не ја добиете работата!

P.S. Овие стратегии се само шега, но веќе го знаевте тоа, нели?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here