Мажите од Оранго не смеат да кажат „не“

guinea_bissau_sm03Колку и да изгледа неверојатно, сепак, на малото островче Оранго, на
африканскиот брег, во близина на Гвинеја Бисао, женската надмоќ е
апсолутна, особено кога станува збор за изборот на брачен партнер.

guinea_bissau_sm03

Колку и да изгледа неверојатно, сепак, на малото островче Оранго, на африканскиот брег, во близина на Гвинеја Бисао, женската надмоќ е апсолутна, особено кога станува збор за изборот на брачен партнер.

Според обичаите во овој матријархат, жената го избира мажот, му подготвува посебно јадење од риба, маринирана во палмино масло, по што какво било одбивање од машката страна би се сфатило како „навреда на семејството“.

Пред новата двојка да почне да живее заедно, семејната куќа мора да им биде изградена од дрва и изѕидана од кал. За среќа на мажите, на Оранго и изградбата на куќата е дел од женските должности.

Според тоа што островјаните им го изјавија на новинарите, мажите во последно време стануваат се' порешителни, па таа промена во нивното однесување доведе до феноменот развод за кој досега тие не размислувале или не смееле да помислат.

виа.

[Women, not men, choose spouses on African isle]

- Реклама -