Користењето сол излегува од контрола

Дневните потреби за сол во организамот изнесуваат околу пет грама. Сепак, солта е толку омилена кај производителите на храна, што 80 % од потребните дневни количини веќе ги внесувате преку готовата храна. Преку храната која ја приготвувате дома внесувате уште сол и кога конечно ќе седнете да јадете, вие продолжувате да солите…

Солта ги оштетува крвните садови, а предизвикува и зголемен крвен притисок. Луѓето кои често употребуваат солена храна имаат огромен ризик за развој на хипертензија – пренесува списанието Circulation.

Конзумирањето на солта излегува од контрола, тоа е факт. Луѓето во развиените земји внесуваат неколкукратно повеќе сол од максимално дозволеното. Ова го потврдува и фактот што секоја година сѐ поголем е бројот на луѓе кои патат од хронична хипертензија, а кардио – васкуларните болести се број еден убиец во светот.

Затоа внимавајте! Повеќе од 80% од потребното количество сол веќе сте го внеле во организмот преку готовата храна која сте ја купиле, каде што можат да припаѓаат разни грицки, ужинки и слично. Воопшто не е потребно да досолувате за време на ручек, бидејќи тоа не е потреба, туку навика.

Доколку не го ограничите користењето на солта, можете значително да му наштетите на телото, не само да предизвикате хипертензија, туку и штета на многу други органи.

- Реклама -