Најдобрата песна за опуштање (видео)

песнаГо забавува дишењето и ја намалува мозочната активност до тој степен што Weightless, напишана од манчестерскиот бенд Marconi Union, е прогласена за „најсмирувачката песна во историјата на музиката“. Осум минутната мелодија е толку ефективна во предизвикување заспивање што на возачи им е препорачано да не ја слушаат додека возат.

Бендот соработувал со звучни тераписти за да добијат совети за најефикасно употребување на хармонија, ритам и бас. Резултатот кај слушателите е забавување на пулсот, намалување на крвниот притисок и намалени нивоа на стрес хормонот кортизол. Научниците им ја пуштале песната на 40 жени и откриле дека истата поефикасно предизвикува опуштање отколку песни од Ења, Моцарт и Колдплеј. Според студијата, песната е подобра за опуштање отколку масажа или прошетка.

Жените биле поврзани со сензори и им биле дадени задачи кои морале да бидат завршени во одредено време за да се подигне нивото на стрес. Нив потоа им биле пуштени песни додека нивниот пулс, крвен притисок, дишење и мозочна активност биле набљудувани. Студијата открила дека Weightless била 11 проценти подобра во опуштање од било која друга песна и дури ги приспивало жените во лабораторијата. Песната предизвикала 65 процентно намалување во возбуденоста и ги донело до ниво на опуштеност 35 проценти пониско од нивното вообичаено смирено ниво.
песнаЛиз Купер, основач на Британската Академија за Звучна Терапија, вели дека Marconi Union употребиле научна теорија за да ја создадат „совршената песна за опуштање“. Таа додала: „Песната употребува многу музички принципи кои индивидуално имаат смирувачки ефект. Со комбинирање на овие елементи на начинот на кој Marconi Union го направиле тоа добивате совршена песна за опуштање. Студијата дојде до заклучок дека ова е најдобрата песна за опуштање. Таа содржи постојан ритам кој започнува со 60 удари во минута и постепено се симнува до 50.“

„Додека слушате вашето срце постепено се синхронизира со ритамот. Важно е што песната е долга осум минути бидејќи за овој процес се потребни околу пет минути. Забавувањето на пулсот води кон пад на крвниот притисок. Хармоничните интервали – празнините помеѓу нотите – биле одбрани за да се создаде чувство на еуфорија и удобност. Исто така нема повторувачка мелодија што му овозможува на вашиот мозок да се исклучи бидејќи не се обидува да предвиди што следува.“

„Наместо повторлива мелодија има случајни звуци што помага со предизвикувањето на подлабоко чувство на опуштеност. Конечниот елемент се ниски звуци кои потсетуваат на будистички песни. Високите тонови стимулираат но овие ниски звуци предизвикуваат состојба слична на транс.“ Таа продолжила: „Звучната терапија била употребувана илјадници години за да им помогне на луѓето да се опуштат и да го подобрат здравјето. Музиката била основа на лечење кај домородните култури. Секој што живее близу до аеродром или прометна улица ги разбира ефектите кои звуците можат да ги имаат на нивото на стрес.“

{youtube}CySNhHVAokQ{/youtube}

„Weightless е идеална за завршување на ден исполнет со стрес и опуштање.“ Доктор Дејвид Луис-Ходгсон, од Mindlab International, изјавил: „Резултатот јасно покажува дека песната предизвикала најголемо опуштање – повисоко од сите останати песни кои биле тестирани. „Студии со мапирање на мозокот покажале дека музиката работи на многу длабоко ниво во мозокот, стимулирајќи ги не само оние региони одговорни за обработка на звуци туку и оние поврзани со емоции. Всушност, Weightless беше толку ефективна што многу жени станале поспани, и јас би препорачал да не ја слушате додека возите бидејќи би можело да биде опасно.“ [Most relaxing song made by UK band Boffins]

- Реклама -