„Дебели и среќни“ можеби и не е мит

Можеби има малку вистина во стереотипот дека дебелите луѓе се среќни – ново истражување посочува дека луѓето кои имаат ген поврзан со дебелина имаат помал ризик од депресија.

Луѓето кои имаат верзија на генот познат како FTO ген имале 8 проценти пониски шанси да страдаат од депресија. Во 2007 година научниците откриле дека оваа верзија на FTO генот има голем придонес кај луѓето од европско потекло кои страдаат од генетска дебелина.

Научниците велат дека откритието „налага дека FTO генот може да има поширока улога отколку што претходно се мислеше, со ефект врз депресија и други психијатриски растројства“.

Истражувачите велат дека наодот ја уништува идејата дека дебелината и депресијата се поврзани. Постои верување дека дебелите луѓе стануваат депресивни поради нивниот изглед и дискриминацијата со која се соочуваат, а луѓето кои страдаат од депресија стануваат помалку активни и ја менуваат својата исхрана за справување со проблемот.

„Разликата од 8 проценти е скромна, и нема да направи голема разлика во секојдневните третмани за пациентите“ изјавил истражувачот Дејвид Мејр професор по клиничка епидемиологија и биостатистика од McMaster University во Канада. „Но најдовме нова молекуларна основа за депресијата.“

- Реклама -