Филхармониски онлајн спектакл

филхармонијаЗа прв пат во Македонија, на 7-ми мај во 20 часот, независно дали сте дома или во движење, ќе можeтe да го проследите првиот онлајн концерт во живо, на кој премиерно ќе бидат изведени познати македонски поп хитови во изведба на Македонска филхармонија. Ексклузивниот пренос ќе го овозможат Македонски Телеком и T-Mobile Македонија, како дел од нивниот проект „Интернет насекаде“.

веб концерт
Сите оние кои сакаат да уживаат во ова досега уникатно случување, единствено што треба да направат е да се поврзат на интернет и да пристапат на следниот линк: http://web.maxtv.mk , независно дали се дома  или во движење од својот мобилен телефон, или преку бесплатната Telekom HotSpot мрежа распространета на повеќе од 300 локации низ Македонија.

Не заборавајте, на 7 мај, 20 часот, цела Македонија ќе биде на http://web.maxtv.mk да го следи првиот македонски веб концерт досега! Приклучете се и вие и бидете дел од несекојдневното доживување кое го подготвуваат Македонски Телеком и T-Mobile за сите интернет корисници! Уживајте во македонските поп хитови и оставајте ги вашите коментари на Facebook профилите на T-Mobilе и на MaxTV на следните линкови: www.fb.com/t.mobile.mk и на www.fb.com/mk.maxtv!

- Реклама -