Надал се враќа на тренинг

Поранешниот најдобар светски рекет, Рафаел Надал, од идната седмица треба да им се врати на тренинзите и да се подготви за учество на ревијалниот турнир во Доха што ќе се одржува од 31 декември до 6 јануари.

Шпанецот долго време е надвор од терените поради хронична повреда на колената, а многу посериозна е состојбата со неговото лево колено. Тој последен пат настапи на Вимблдон, кога на 28 јуни загуби во второто коло.

„Нашите планови се Рафа да почне со тренинзи од идната седмица“, изјави неговиот тренер и чичко, Тони Надал.     Рафаел Надал планира да учествува на Отвореното првенство на Австралија, гранслем турнирот кој е на програмата од 14 јануари идната година.

Претходно, би требало да земе учество и на ревијалниот турнир во Доха, заедно со Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј и со Давид Ферер.

- Реклама -