42 годишната Романка Џорџиана Вакару, годинава стана мајка по дваесетти пат.
Сите 20 деца се здрави и тоа многу ме радува. Одлично е да се биде мајка на 20 деца, тие ми помагаат, ние сме многу сплотено семејство, истакнала Вакару која според возраста и дваесетте бремености се проценува дека била бремена речиси секоја година.
Таа додаде дека само едно дете го напуштило семејниот дом, откако се оженил, додека другите 19 деца живеат со неа и сопругот во селото Котенеш.
Ако Господ сака да имам уште деца, нема да се противам,изјавила Вакару. Инаку во Романија има уште едно семејство со 18 деца.