Вакцина против дебелеење

Зголемената телесна тежина и болестите поврзани со тоа, предизвикуваат сѐ поголеми проблеми и трошоци во целиот свет. Една нова студија проценува дека дејствувањето на две соматостатински вакцини, ЈХ17 и ЈХ18, би можеле да ја намалат телесната тежина и да го забрзаат слабеењето, но експериментите како и секогаш на почетокот, се вршени врз глувци.

Соматостатин е всушност е пептид хормон, кој делува така што го инхибира делувањето на хормонот за растење (GH) и факторот за растење и кој е многу сличен на инсулинот (IGF-1). Keith Haffer од Braasch Biotech LLC, ја тестирал вакцината врз две групи од по десет дебели машки глувци. Едната група била вакцинирана, а другата не. И двете групи биле хранети со иста висококалорична храна осум недели пред почетокот на експериментот и шест недели во текот на експериментот. Вакцинацијата била вршена два пати: на почетокот и дваесет и вториот ден од експериментот.

Четири дена после првата инјекција со модифициран соматостатин, вакцинираните глувци имале 10% помала тежина во однос на невакцинираните. На крајот од истражувањето, резултатите покажале дека и двете вакцини предизвикале создавање на антитела на соматостатин и значително смалување на тежината одржувајќи ја континуирано 10% пониска, без да влијание врз нормалното ниво на раст IGF-1 или на нивото на инсулин.

„Ова студија покажува дека постои можност за лечење на зголемената телесна тежина со помош на вакцина, иако се разбира дека се неопходни понатамошни испитувања и тестирања за да се откријат дали би се јавиле долгорочни импликации врз општата здравствена состојба заради вакцината. Лечење на зголемена телесна тежина кај луѓето, на овој начин, со вакцинација, би ја сопрело епидемијата на дебели луѓе без ригорозни диети и без хируршки интервенции за, на пример, намалување на желудникот“ вели Haffer.

Еден ден можеби ќе има ваква вакцина, но до тогаш хранете се здраво, бидете физички активни и нема да ви треба вакцина. Вакцината за која станува збор во текстов веројатно ќе се применува кај луѓе со енормно зголемена телесна тежина која е резултат на хормонски, метаболични и други здравствени нарушувања.

Објавено во соработка со Емитер.

- Реклама -